Македонија

Одморот во Грција годинава драстично поскап – зголемени туристичките такси

Одморот во Грција годинава ќе биде драстично поскап. Се зголемува туристичката и еколошката такса и тоа за 4 до 20 пати повеќе отколку што се плаќаше минатото лето. Сега давачките кон државата ќе изнесуваат од најмалку 2 па и над 20 евра на ден по соба, во зависност од локацијата и категоријата. Дополнителна давачка од […]

Одморот во Грција годинава ќе биде драстично поскап. Се зголемува туристичката и еколошката такса и тоа за 4 до 20 пати повеќе отколку што се плаќаше минатото лето. Сега давачките кон државата ќе изнесуваат од најмалку 2 па и над 20 евра на ден по соба, во зависност од локацијата и категоријата.

Дополнителна давачка од 20 евра има и за најатрактивните острови Миконос и Санторини за турсистите кои доаѓаат на екскурзии од бродовите за крстарење.

Средствата собрани од овие такси, како и од зголемените даноци на краткорочно сместување, ќе бидат насочени кон одржливи проекти, подобрување на инфраструктурата и решавање на еколошки предизвици низ цела Грција.

Според туристичките агенции во земјава, иако од година во година поскапуваат летните понуди во соседните земји, поради близината нашиот јужен сосед и натаму е најбаран од туристите.

Освен зголемените такси оние кои планираат одмор на грчките плажи годинава ќе се соочат и со поскапени аранжмани.. некои агенции нудат во екот на сезоната десетдневен аранжман, кој обезбедува превоз и спиење, за повеќе од 1.200 евра – за двајца.Храната е исто така поскапена порција гиро од 10 до 15 евра,пица исто толку и кафе на плажа од 5 до 10 евра.

Извор: Алфа ТВ

To top