Македонија

Официјализиран вториот мандат на градоначалникот на Општина Илинден

Општинската изборна комисија денеска официјално му го врачи Уверението за вториот мандат на градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски.

Општинската изборна комисија денеска официјално му го врачи Уверението за вториот мандат на градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски. Според конечните резултати од осмите локални избори на 19 октомври 2025 година, тој уште во првиот круг ја обезбеди довербата на граѓаните да ја води општината и во наредните четири години.

Уверението му го врачи претседателот на Општинската изборна комисија, Гоце Крстевски, на свеченост во конференциската сала на Домот на култура „Илинден“.

Уверенијата за избрани советници ги примија новите петнаесет членови на Советот на Општина Илинден:

ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата:

Светлана Слезенковска
Благоја Митровски
Борче Најдовски
Миле Стојановски
Влатко Љубовски
Мери Стаменковска
Марко Младеновски
Лука Трифуновић
Сара Ѓорѓиевска
Христина Колевска
Марко Трпески

СДСМ и коалицијата:

Мишо Марковски

Левица:

Ацо Христовски

ВМРО – Народна:

Сашо Секуловски

Движење ЗНАМ:

Ивица Јовановски

Најнови вести од: Македонија

(Видео): Ќе нема зголемување на старосната граница за пензионирање, проблемите се детектирани се преземаат мерки

ВМРО-ДПМНЕ го исполни ветувањето, за две години пензионерите добија линеарно зголемување на пензиите од 7.000 денари, рече пратеничката Дијана Илиевска.

ВМРО ДПМНЕ: Фрчко Малиот да му поднесе кривична пријава на ексминистерот за здравство Филипче, кога се криеле 400 наоди за неисправна вода во Гостивар!

„Талогот на СДС повторно се појави. Овој пат во ликот на мали Фрчко, кој се измачил на топлото време и отишол пред Јавно обвинителство. Но, ја утнал адресата од кои бара одговорност за случајот со водата во Гостивар.“ – реагира ВМРО ДПМНЕ.

Средба Ферати – Колумбија: Младите и реформите кон ЕУ во средиштето на разговорите

Министерот за односи меѓу заедниците, Агон Ферати оствари средба со координаторката на Обединетите нации во Македонија Рита Колумбија, на која се разговарало за зајакнување на соработката и поддршката на процесите поврзани со развојот на земјата.

Вреди бара обвинение: Куќниот притвор на Артан Груби е при крај

Уште две недели остануваат до истекот на мерката куќен притвор за поранешниот прв вицепремиер Артан Груби, кој е осомничен во истрагата за случајот поврзан со Државната лотарија. Времетраењето на истрагата повторно стана предмет на политички препукувања. Од ВРЕДИ го обвинија Обвинителството дека постапката се одвива со бавно темпо и побараа од институцијата да објасни зошто сè уште нема обвинение во случајот.

To top