Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Целосно нов здравствен дом,фудбалски стадион и основно училиште во Илинден

Изминатите четири години, како и во сите општини предводени од ВМРО-ДПМНЕ, така и во Илинден се работеше посветено на реализација на проекти, за општината да стане подобро место за живеење, се вели во партиското соопштение на владејачката ВМРО-ДПМНЕ.

Изминатите четири години, како и во сите општини предводени од ВМРО-ДПМНЕ, така и во Илинден се работеше посветено на реализација на проекти, за општината да стане подобро место за живеење, се вели во партиското соопштение на владејачката ВМРО-ДПМНЕ.

Илинден е една од ретките општини која што може да се пофали со изградба на капитален здравствен проект. И покрај тоа што изградбата на здравствени објекти не е директна надлежност на локалната власт, препознавајќи ја потребата на жителите, во Илинден се изгради здравствен дом на површина од 600м2 на 2 нивоа, кој нуди примарна и специјалистичка здравствена заштита. Изградениот целосно нов здравствен дом, веќе е предаден на Министерството за здравство. Во областа на образованието и детската заштита во изминатите четири години во Илинден се инвестираше во изградба, доградба, реконструкција и опремување на сите училишни и предшколски објекти. Едни од позначајните се изградбата на нова зграда на основното училиште „Гоце Делчев“ на површина од 2400м2, со капацитет за 450 ученици каде за првпат во општината е воведена целодневна и едносменска настава. Со цел проширување на капацитети за згрижување на децата се направи доградба на централниот објект на детската градинка „Гоце Делчев“, за згрижување на уште 60-тина дечиња. Градинката ќе добие и целосно нова кујна која е во фаза на градба. Континуирано се вложуваше и во спортската инфраструктура, така што се изградија и реконструираа 15 спортски објекти и терени, меѓу кои стадионот во Илинден, а во постапка е изградбата на централна трибина со над 1000 седишта и под трибински простор кој ќе содржи соблекувални и помошни простории. Се изгради спортскиот комплекс „Драго Маневски“ кој вклучува комплетно изграден и осветлен терен на специјална подлога за повеќе спортови, атлетска патека во должина од 200 метри и трибина со капацитет од 175 седишта. Континуирано се вложуваше и во патната инфраструктура, така што за четири години се изградија и реконструираа околу 230 улици и патишта, со вкупна должина од над 45.000 метри во сите населени места. Фокусирано се работеше на изградба и подобрување на канализационата мрежа, при што се поставија канализациски систем во должина од преку 23.000 метри и се отворија 2 нови пречистителни станици во Илинден и Кадино, истакнуваат од владејачката партија.

И водоводниот систем се модернизираше и прошируваше, каде што се изградија 8.000 метри нова водоводна мрежа низ целата општина, а Илинден доби нова и современа лабораторија за контрола на квалитетот на водата за пиење, дополнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Најнови вести од: Македонија

Пренесувањето на моштите на Гоце Делчев и наводните на Самуил – огледало на бугарската политика кон Македонија, од добрососедство до историски ревизионизам!

Државната и политичката свест на Бугарија за 80 години се развиваше во негативна насока: од држава, која во 1946 година официјално ја признаваше македонската национална самобитност, идентитет, држава, јазик и историја, до држава-членка на ЕУ, која денес во 2026 година практикува историски ревизионизам кон Македонија, стремежи да ја „прекрои“ нејзината автентична национална историја. Но и стремежи за бугаризирање на македонскиот идентитет и јазик. Официјална Софија денес прибегнува кон вета и блокади на македонската евроинтеграција во обид да ги оствари своите асимилаторски цели и стремежи. Двата столба на македонскиот идентитет и државност се под опсада: Цар Самоил, како македонски државотворен столб на средновековието, и Гоце Делчев, како столб на современата државност и идентитет на македонскиот народ. Toa сe двете клучни точки, кои Софија упорно се обидува да ги бугаризира. Стратегијата не е насочена само кон одделни историски периоди, туку кон целосно растурање и поништување на континуитетот на македонскиот идентитет и државотворните стремежи и традиции на македонскиот народ од минатите векови до денес.

Кос: Многу земји имаат заедничка историја – да се насочиме на иднината

Еврокомесарката за проширување Марта Кос порача дека „иако многу земји имаат заедничка историја, фокусот треба да биде на иднината и на она што може да го постигнат заедно“. „„Многу земји имаат заедничка историја. Добро е што го признаваме тоа, но да гледаме кон иднината и кон она што можеме заедно да го постигнеме“, истакна Кос.

Муцунски: Патот на Македонија кон ЕУ да биде заснован врз заслугите, а не оптоварен со историјата и минатото

Најголема желба на Македонија е нејзиниот пат кон Европската Унија и полноправното членство да биде заснован врз заслугите, а не оптоварен со историјата или минатото, порача денеска македонскиот министер за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски на заедничката прес-конференција по Министерскиот состанок за Коридорот 8 во Софија, одговарајќи на новинарски прашања за очекувањата од денешната средба со неговата бугарска колешка, Велислава Петрова Чамова.

Муцунски за Ива Михаилова: Владата не се меша во судењето, бугарски лекари ќе можат да ѝ ја проценат здравствената состојба

Македонија е подготвена да овозможи посета на бугарски медицински специјалисти кои би се запознале со здравствената состојба и лекувањето на Ива Михаилова, потврди министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски. Тој посочи дека случајот има два одделни аспекти – судскиот процес и здравствената состојба на Михајлова.

Јаневска: Ги обучуваме наставниците за користење вештачка интелигенција, за да им помогнат на учениците да ја употребуваат правилно

Најуспешните наставници и училишта по 9-месечната обука за вештачка интелигенција добија сертификати. Министерството за образование и наука ги спроведе обуките во соработка со Brainster Next.

To top