Македонија

OMO „Илинден“ до потомците на македонските бегалци во Бугарија: Во тебе живее споменот дека си Македонец по потекло и корен, дел од македонскиот народ

Посланието објавено од шефот на Градскиот комитет од Благоевград, Атанас Кирјаков, и самиот потомок на бегалци од Кукуш

Обединетата македонска организација „Илинден“ на Богојавление им се обрати на потомците на македонските бегалци во Бугарија со потсетување дека се неизоставен дел од македонскиот народ, иако живеат надвор од Македонија.

„Потомци на македонските бегалци, браќа и сестри,

Ви се обраќаме како Македонци, потомци на македонскиот народ, народ чии корени се длабоко вградени во земјата Македонија – нашата Татковина. Иако судбината ги растури вашите семејства надвор од своите граници, вашата припадност со Македонија не е скршена и не може да се избрише.
Вашите дедовци и прадедовци биле Македонци, кои поради војни, насилство и историски неправди биле принудени да ги напуштат родните села и градови во Македонија. Не ја напуштија татковината по своја волја, туку беа откорнати од неа. Со себе ја донесоа во Бугарија не само болката и сеќавањата, туку и свеста дека припаѓаат на македонскиот народ, со своја историја, култура и чувство за заедништво.
Во новата средина преживеале, работеле и создавале семејства, но во своите домови Македонија остана жива – во јазикот, во песните, во приказните за родните места, во споменот на изгубената, но никогаш заборавена татковина. Тоа предавање на сеќавањето беше тивво, често премолчено, но длабоко и искрено.
Денес вие сте носители на ова наследство. Во тебе живее споменот дека си Македонец по потекло и корен, дел од македонскиот народ, без разлика каде живееш. Вашата Татковина по историско сеќавање и по срце е Македонија – земјата од која започнува вашето семејство и во која води нишката на генерациите.
Да се запамети ова не значи негирање на други идентитети или создавање поделби, туку да се признае вистината за сопственото потекло и историја. Споменот на македонските бегалци е сеќавање на страдањето, но и на стабилноста, човечкото достоинство и тековната поврзаност со Татковината.
Чувајте го ова сеќавање. Пренеси го со почит и достоинство. Македонскиот корен во тебе нека биде извор на сила и самопочит, а Македонија – не само сеќавање, туку жив и неуништив дел од твојот идентитет и свест“, се вели во обраќањето од ОМО „Илинден“, објавено на Фејсбук-страницата на претседателот на Градскиот комитет од Благоавград, Атанас Кирјаков-Војводата, и самиот потомок на македонски бегалци во Бугарија од Кукуш, родниот град на македонските великани Гоце Делчев и Димитар Влахов.

Најнови вести од: Македонија

Убава вест: Крај за договорите на дело во државните институции – работниците ќе добијат вработување на неопределено време

Лицата ангажирани со договор на дело и други видови договори во дел од јавниот сектор ќе добијат можност за вработување на неопределено време, со законско решение што предвидува фазна трансформација на нивните ангажмани.

„Н.М.“: За Македонија отворањето на Уставот не смее да биде приоритет! – Во овој опасен геополитички момент по диктат на Бугарија тоа е самоубиствено!

„Сега во овој опасен геополитички момент отворање прашања по диктат на Бугарија е опасно и самоубиствено. Приоритет треба да се внатрешните реформи, зајакнување на демократските капацитети на државата и создавање широк консензус за стратегиските прашања, за националниот интерес.“ – се нагласува во анализата со наслов „Проширувањето може да предизвика геополитички расцеп во Европа – каде тогаш ќе се (с)најде Македонија“, која е објавена во весникот „Нова Македонија“.

(Фото): Општина Карпош и Град Скопје во заедничка инспекциска акција

Во текот на акцијата се вршеа целосни и детални контроли во рамки на надлежностите на инспекциските служби. Во одредени случаи, беше побарана и теренска придружба од униформирани полициски службеници од ПС Карпош.

To top