Македонија

„Орбан е во срцето на нападите врз Бугарија“: Плевнелиев по загубената битка со Македонија во ЕП

Поранешниот бугарски претседател Росен Плевнелиев го посочи унгарскиот премиер Виктор Орбан како најголема „бабарога“ за Бугарија по загубената битка со Македонија во Европскиот парламент, кадешто европратениците од неговата земја не успеаја да го протнат амандманот за „модерен“ пред „македонски јазик и идентитет“. „Она што најмногу го посакувам е највисоката институција во нашата земја, Народното собрание, […]

Поранешниот бугарски претседател Росен Плевнелиев го посочи унгарскиот премиер Виктор Орбан како најголема „бабарога“ за Бугарија по загубената битка со Македонија во Европскиот парламент, кадешто европратениците од неговата земја не успеаја да го протнат амандманот за „модерен“ пред „македонски јазик и идентитет“.

„Она што најмногу го посакувам е највисоката институција во нашата земја, Народното собрание, да одржи дебата. Бидејќи толку многу бугарски политичари се колнеа во Виктор Орбан, дека голем пријател на Бугарија, и гледате дека тој лично и неговите институции, финансирани од Унгарија, вклучувајќи ги и медиумите во РС Македонија, се во срцето на антибугарските дејствија и напади против Бугарија“, изјави за агенцијата БГНЕС шефот на бугарската држава од 2012 до 2017 година.

„На бугарскиот народ треба да му биде јасно кој е кој. Во пракса, ‘пријателот’ на Бугарија, Орбан, е исто толку пријател на нашата земја колку што е пријател на Бугарија српскиот претседател Александар Вучиќ“, додаде тој.

Плевнелиев, роден во градот Гоце Делчев во Пиринска Македонија, а по потекло е од селото Плевна во Егејска Македонија, од кадешто за време на Балканските војни неговите предци побарале засолниште во Бугарија, ја обвини Будимпешта дека со години активно учествувала во изградбата на антибугарски мрежи, поддржувајќи го и поранешниот македонски премиер Никола Груевски, на кого дури му доделила и азил.

„Груевски е апсолутен бугаромразец, со кого имав повеќе од еден проблем за време на мојот мандат како шеф на државата. Тој беше финансиран од Унгарија, избега во Унгарија, па работите станаа јасни“, изјави експретседателот на источниот сосед на Република Македонија.

Најнови вести од: Македонија

Конспиративни теории за абортусот во судирот меѓу Јас сум жена и Мрежата за заштита од дискриминација

Мрежата за заштита од дискриминација која во јавноста се смета за блиска на екс министерка за труд и социјала во владата на Зоран Заев, шпекулира во јавноста со Теории на заговор

(Фото): Силно политичко партнерство меѓу Македонија и Црна Гора и засилена економска соработка – Николоски во Подгорица на средба со премиерот Спајиќ

Заменик-претседателот на Владата Александар Николоски е во работна посета на Црна Гора, каде денеска оствари средба со претседателот на Владата на Црна Гора, Милојко Спајиќ. Во фокусот на средбата беа унапредувањето на политичките и економски односи, регионалниот развој и евроинтегративниот процес на земјите од Западен Балкан. Од средбата беше испратена јасна порака дека Македонија и Црна […]

To top