Македонија

Османи го уништи Димитров: Првиот протокол бил катастрофален за Македонија

,,Прдеа во иста тиква” а сега си ја префрлаат вината за катастрофалната дипломатија и штетните договори со Бугарија

Вистината за протоколите со Бугарија не може да се сокрива со дневнополитички манипулации, пишува екс министерот за надворешни работи Бујар Османи кој го обвинува неговиот преходник на истата позиција дека направил катастрофална грешка кога го потпишал првиот протокол со Бугарија.

Првиот протокол е далеку попроблематичен од вториот протокол и тоа поради една суштинска разлика, пишува Османи.

,,Во првиот протокол постои обврзувачка клаузула дека во рок од една година Историската комисија треба да постигне резултати за најчувствителните прашања — Илинденското востание и Гоце Делчев. Токму темите кои се срцето на спорот меѓу двете држави.

Тоа значи:
* обврска,
* конкретен рок,
* и директен политички притисок врз историските прашања.

Во вториот протокол, пристапот е целосно сменет:
* Нема обврзувачка формулација!
* Нема рок од една година.
* Нема условување со конкретен историски резултат.

Наместо тоа, во вториот протокол се користи формулација за охрабрување на работата на Комисијата (препорака, не обврска!), а временската рамка е продолжена до крајот на пристапните преговори со ЕУ”, објаснува Османи кој тврди дека тоа е суштинска и фундаментална разлика.

,,А да, и да не заборавам. Со вториот протокол ја усогласивме и употребата на македонскиот јазик во преговарачката рамката (без никаква додавка и фуснота), со која ја исправивме формулацијата „македонски јазик согласно Уставот“ дефинирана во Договорот за пријателство, и подоцна оставена (потврдена) во првиот протокол.

Затоа, денешните обиди на тие што го потпишаа првиот протокол и претходно го усогласија Договорот за пријателство и добрососедство со Бугарија, да ја префрлат вината на други се целосно неосновани”, пишува Османи за Никола Димитров иако не го споменува со име.

Првиот протокол го потпишаа Никола Димитров екс министер за надворешни работи на Македонија и Екатерина Захариева екс министерка за надворешни работи на Бугарија, на 10 јуни 2019 година во Софија.

Првиот протокол (или записник) од состанокот на Заедничката меѓувладина комисија, формирана според член 12 од Договорот за пријателство, добрососедство и соработка од 2017 година се однесува на првиот состанок на комисијата и имплементацијата на договорот.

Вториот протокол (почесто споменуван во медиумите) го потпишаа Бујар Османи и Теодора Генчовска на 17 јули 2022 година, исто така во Софија. Првиот од 2019 година често се споменува како основа за подоцнежните.

Овие протоколи се дел од билатералната соработка за спроведување на договорот од 2017, особено во контекст на историските и образовните прашања, како и пристапните преговори на Македонија со ЕУ.

Најнови вести од: Македонија

Директорка и нејзина колешка со пари од Државна лотарија си купувале чанти „Диор“, „Хермес“, „Луј Витон“

Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против две службени лица вработени во Акционерското друштво за приредување игри на среќа Државна лотарија на Република Северна Македонија поради постоење на сомнение за сторени кривични дела “Проневера во службата” од член 354 од КЗ на РСМ и“Фалсификување или уништување деловни книги” од член 280 од КЗ на РСМ.

(Видео): Околу 25 милиони евра годишно се давале на починати луѓе, обелодени премиерот

Над 4.500 лажни корисници на социјална помош. Мицкоски рече дека на годишно ниво од државниот буџет биле издвојувани повеќе од една милијарда, а можеби и до 1,5 милијарди денари за исплати на вакви корисници или околу 25 милиони евра.

Помалку одење по шалтери, електронски процедури и олеснувања за пациентите – усвоени нови правила за боледувања

Со измените се воведуваат повеќе конкретни олеснувања за осигурениците и матичните лекари, со цел да се намалат непотребните административни постапки и движењето на пациентите низ здравствениот систем.

Опомени и казни: Инспекцијата на терен во општина Карпош

Покрај опомените до физички лица, комуналните редари изрекоа и седум прекршочни налози за неправилно одлагање на отпадот. Инспекциските контроли ќе продолжат и во наредниот период, со цел одржување на комуналниот ред и почиста и поуредна општина.

Бугарија го „киднапира“ македонскиот цар Самоил, за да ги пополни „дупките“ во идентитетот на Бугарите и на својата средновековна државност!

Пропагандниот циркус на 3 октомври 2026 година кога македонската, европската и светската јавност гледаа во Софија масовни сцени со пренесувањето на „посмртните останки на бугарскиот цар Самоил во саканата татковина Бугарија“, на 6 октомври веќе задобива нови димензии: денешното поклонение пред наводните посмртни останки на средновековниот владетел претставува забрзување и кревање на највисоко рамниште на градењето на националниот идентитет и на историјата на Бугарите. Ова е длабоко и добро осмислена операција на идентитетски, историски и национален инженеринг, заснован врз масовно присвојување на идентитетски елементи на македонскиот народ и автентичната македонска историја. Градење преку крадење – од македонскиот за бугарскиот идентитет!

Сопрено вакцинирањето во Македонија со вакцината БСЖ, се испитува случајот во Хрватска

Комисијата за имунизација во рамки на македонското Министерство за здравство (МЗ) заседавала по информациите од хрватските медиуми за несакани реакции од вакцина БСЖ, и во земјава се одложува привремено вакцинирањето со оваа вакцина, соопшти МЗ.

To top