Македонија

Осомничениот за нападот врз Арсовска оди во ефективен притвор

Основниот кривичен суд Скопје денеска донесе одлука за замена на куќниот со затворски притвор за С.Љ.

Основниот кривичен суд Скопје денеска донесе одлука за замена на куќниот со затворски притвор за С.Љ., осомничен за нападот врз градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска.

Како што информираат од Судот, одлуката е донесена врз основа на проценка дека постои опасност осомничениот да избега, како и можност за повторување на делото, согласно член 470 став 1 точки 1 и 2 од Законот за кривична постапка.

„Имено, С.Љ., осомничен за кривичното дело Насилство по член 386 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик, на 12 јули беше спроведен во судот, при што му беше определена мерка куќен притвор. Но, по дополнителна проценка, Советот на судот утврди дека постојат околности што оправдуваат изрекување на мерка притвор во скратена постапка“, стои во соопштението од Кривичниот суд.

Од надлежната Полициска станица е добиено известување дека осомничениот веќе е спроведен во Затворот Скопје.

Инцидентот се случи на 11 јули 2025 година, кога градоначалничката Арсовска беше нападната со тупаници додека вршела увид на локација со нелегален објект на скопскиот Бит Пазар. Нападот предизвика бурни реакции во јавноста и осуда од институциите и граѓанскиот сектор.

Најнови вести од: Македонија

ВМРО ДПМНЕ: СДС тоне поради слугувањето на Софија, а Филипче е најгласен претставувач на бугарските барања и на „Бугари во Устав“!

„Филипче и СДС се тотално изгубени на политичката сцена, немаат политичка стратегија за државата, немаат визија, ниту план за развој на државата. Единствена политика која ја нудат Венко Филипче и СДС е слугувањето на официјална Софија и застапувањето на туѓи политички агенди.“ – реагира ВМРО ДПМНЕ.

(Фокус): Делегација на УЈП во работна посета на Даночната управа на Црна Гора

Делегацијата на УЈП изрази особен интерес за оваа област, нагласувајќи дека размената на практични искуства со институции кои успешно спровеле слични процеси претставува значаен извор на знаење и поддршка за понатамошниот развој на даночната администрација.

To top