Македонија

Отец од Скопје со „специјална“ молитва за Доналд Трамп и САД

Молитвата ја прочитал отец Михаил по повод 250-годишнината од независноста

Во црквата „Рождество на Пресвета Богородица“ во Скопје, на денот кога се одбележуваше 250-годишнината од независноста на САД, била прочитана посебна молитва за американскиот претседател Доналд Трамп и за Соединетите Американски Држави.

Молитвата ја прочитал отец Михаил, а за тоа сведочи и објавата на Слаѓана Аврамоска Митрис, активист на македонската дијаспора во САД. Таа на Фејсбук сподели фотографија со отец Михаил и потпретседателот на Сојузот на стопански комори на Македонија, Орце Симов, и напиша:

„Благодарна сум за посебната молитва и благословот што отец Михаил ги упати за нашиот претседател Доналд Трамп и за нашата земја – Соединетите Американски Држави, по повод Денот на независноста, овде во Македонија. Среќен 250. Ден на независноста, Америка!“

Од МПЦ-ОА за „Религија.мк“ потврдија дека станува збор за самоиницијативна одлука на свештеникот, а не за редовна процедура во сите храмови.

Отец Михаил претходно служеше во црквата „Свети Јован“ во Капиштец, а неодамна е преместен во црквата „Св. Богородица“ во центарот на Скопје.

 

Најнови вести од: Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Падот почна од СДС, Филипче и Заев, па продолжи со Вучиќ

Денес Филипче се обидува да се претстави како жесток критичар на Александар Вучиќ, но сите добро се сеќаваме на периодот кога тој и Зоран Заев градеа блиски политички односи со него, склучуваа пактови, а имаше големи дружби и пијанчења до раните утрински часови

Сиљановска-Давкова: Уставот не е само закон над законите, туку и општествен договор меѓу граѓаните и државата

Средбата со младите правници е дел од серијата разговори што тие ги иницираа со личности кои учествувале во создавањето, толкувањето и изучувањето на Уставот

To top