Македонија

Отстранет и првиот билборд од Железничката станица Скопје!

Во насока на ослободување на просторот и оригиналниот изглед на железничката станица

Во насока на ослободување на просторот и оригиналниот изглед на железничката станица, започнавме со отстранување на сите билборди, светлосни реклами и останати информативни реклами кои години и декади наназад го нарушуваат автентичниот изглед на станицата.

Ова ќе биде фазен процес кој ќе заврши со генерално чистење на надворешниот изглед на станицата како и соодветна илуминација.

Благодарност до одговорните компании кои ја сфатија важноста на овој процес и се согласија за отстранување на нивните билборди” напиша Синиша Ивановски, директор на МЖ Инфраструктура на својот Фејсбук профил и објави видео од денешната акција.

Најнови вести од: Македонија

Расте интересот за сметководството: ИСОС со нови иницијативи за младите

Институтот на сметководители и овластени сметководители (ИСОС) изминатиот период спроведе низа активности за подигнување на атрактивноста на сметководствената професија и нејзина промоција меѓу студентите и средношколците

„Стандард и Пурс“ и „Фич“ го потврдија досегашниот кредитен рејтинг на Македонија

Македонија води кредибилни и конзистентни макроекономски политики поддржани преку долгогодишната политика на фиксен девизен курс, подобрите показатели за управуање во споредба со други земји со слични економски перформанси, како и посветеноста на реформи во рамки на процесот на пристапување во ЕУ. Ова го констатира кредитната агенција „Фич“ во последниот извештај со кој земјата го задржа и кредитниот рејтинг ББ+ со стабилен изглед.

Најнови вести

To top