Македонија

Вајц бара разјаснување од ЕП за „идентитетско-политичките услови“ за Македонија во Протоколот со Бугарија

Ниту една друга кандидатура не е оптоварена со вакви барања од земја-членка, стои во нонпејперот од известувачот за Македонија

Томас Вајц, известувач на Европскиот парламент за Македонија

Известувачот за Македонија, Томас Вајц, во нонпејпер до Европскиот парламент побара разјаснување дали вториот протокол од седниците на Мешовитата македонско-бугарска комисија е обврзувачки во македонската кандидатура за членство во Европската унија.

Дали протоколот е обврзувачка компонента на преговарачката рамка на ЕУ или само билатерален инструмент меѓу земја-членка и земја-кандидат, без директно правно дејство во Унијата, повикувајќи се на членовите 2 и 49 од Договорот за ЕУ за почитување на човековите права, е прашањето во нонпејперот поврзан со амандманот 108 за извештајот за Македонија

„Доколку протоколот содржи идентитетско-политички услови (толкувања на историјата, лингвистичка класификација, содржина на учебници), ова може да биде во конфликт со заштитата на македонскиот национален идентитет и јазик што самата ЕУ постојано го признава. Ниту една друга кандидатура за пристапување не е оптоварена со споредливи барања за идентитетско-политички прашања од една земја-членка. Ова го поставува прашањето дали структурниот диференцијален третман на земјите-кандидатки во процесот на пристапување е компатибилен со општиот принцип на еднаквост“, се вели во документот.

 

Најнови вести од: Македонија

Средба Муцунски-Клеин: Непрестаен развој на односите и одличната соработка меѓу Македонија и Унгарија

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Република Македонија Тимчо Муцунски денеска оствари средба со новоназначениот специјален пратеник на Министерството за надворешни работи на Унгарија за Западниот Балкан, амбасадорот Андраш Клеин.

Битолчанка и Естонец измамиле стотици граѓани 

Во периодот од декември 2025 година до април 2026 година, преку мобилна апликација и со ветување за наводни добивки навеле голем број граѓани од целата држава да вложуваат финансиски средства на лажна интернет платформа

To top