Македонија

Отварање на самостојна изложба на дипломираната сликарка Јулија Манојлоска

Проектот поддржан од Град Скопје и ЈУ Дом на културата Кочо Рацин

Во понеделник, 24.08.2026, во 20:30 часот се отвора самостојна изложба на дипломираната сликарка Јулија Манојлоска. Изложбата е насловена Ослободен простор и се реализира во една од галериите во ЈУ Дом на културата Кочо Рацин, Скопје.

Проектот поддржан од Град Скопје и ЈУ Дом на културата Кочо Рацин, претставува изложба на интерактивна инсталација во простор која создава визуелни сензации. Публиката ќе може да се движи низ делата, односно низ платната кои се насликани апстрактно со редуцирана и тивка интервенција на секундарното добиено од примарното. На нив аплицирани се и зборови, во минимален фонт на букви за публиката сама да ги открива. Зборот, намерно не е веднаш читлив – тој бара приближување, задржување и личен ангажман од страна на публиката, со што процесот на откривање станува интимен и индивидуален. Изложбата е инспирирана од појдовното ликовно, трите основни бои како ликовен елемент и основата на постоењето. Вметнатите букви, уште еднаш ја потенцираат потребата за кирилицата како примарно чувство со кое авторот често го открива на публиката недореченото.

Инсталацијата има интенција концептуално да „излезе“ од галеријата и да го ослободи просторот , не преку буквална интервенција, туку преку сугестија дека просторот, како и значењето, не е фиксен.

Манојлоска Јулија, родена на 25. 08. 1993 година во Скопје, Во 2015 година дипломира на Факултетот за ликовни уметности, во Скопје, во класа на м-р Јован Шумковски.
По завршување на студиите активно се занимава со сликарство и инсталации во областа на современата ликовна уметност.

Има учество на повеќе групни и самостојни изложби и проекти од областа на визуелни уметности:
Групна изложба, Витражи во Музејот на современа уметност во 2011 година
Групна изложба на цртежи во Чифте Амам во 2012 година.
Годишна изложба на Факултетот за ликовни уметности во 2012, 2013, 2014 и 2015 година.
Групна изложба на Биенале на цртеж- Остен во 2016 година
Учество на групната интернационална изложба Gogyoshi Art Project во галерија FLUX во
2016 година.
Групна изложба YoungArt, во Мала Станица, во 2016 година
Учество на Скопје Креатива со самостоен ликовен проект – инсталации, насловен
„Транспарентни сенки“ во МКЦ, 2017 година
Самостојна изложба во Ликовна Галерија, „МаркоЦепенков“, во Прилеп, 2017 година
Учество на изложбата „Св. Климент Охридски“ во НУБ, во 2017 година
Учество на Скопје Креатива со самостоен проект, ликовна инсталација насловена
„Интервенција во форма и боја„ , во 2018 година
Учество на изложба на фотографии, „99 File“, во Н.У. Музејот на современата уметност во
Скопје, во 2018 година
Самостојна изложба, насловена „Секвенци“ , во Дом на градежници Галерија КО-РА, во
2019 година.
Учество на 13-то Меѓународно Биенале на млади уметници во Н.У. Музејот на
современата уметност во Скопје, во 2021 година.
Самостојна изложба во МКЦ, насловена „Пресоздавање“, во 2021 година

Учество на 14-то Меѓународно Биенале на млади уметници во Н.У. Музејот на
современата уметност во Скопје, во 2023 година.
Самостојна изложба во Центар Јадро, насловена „Пред будење“, Скопје, 2024
Реализација на самостоен едукативно-креативен проект, насловен „Уметност за
најмладите“, Дом на културата Ѓорче Петров, 2025
Смостојна изложба насловена „Релации“, во парк Ѓорче Петров, Скопје, 2025

Најнови вести од: Македонија

„Нетпрес“: Ристоска призна дека со Јосифовска од СЈО имале пристап до материјалите од незаконските прислушувања!

„Ленче Ристоска, поранешна обвинителка од корумпираното СЈО, јавно призна во своето вчерашно гостување на ТВ 24 дека со уште една своја тогашна колешка имале пристап до сефовите, каде во тој момент се чувале материјалите од незаконските прислушувања.“ – објави информативната агенција „Нетпрес“.

Царинските службеници опремени со телесни камери

Системот на телесни камери за царинските службеници, обезбеден преку Меѓународната програма за обука и помош при водење криминалистички истраги (ICITAP), во рамките на кривичниот оддел при Министерството за правда на САД, денеска официјално беше промовиран на граничниот премин Табановце

Стратегијата за вештачка интелигенција треба да биде донесена до крајот на годината

Планираме и ние во втора фаза, покрај дата-центарот, да изградиме и фотонапонска централа, со која од 30 до 40 проценти од потрошувачката на електрична енергија ќе ја искористиме од фотонапонската централа – изјави Андоновски

Користење фосилни горива во Европа и Македонија

Македонија емитува околу 6,6 до 7,3 милиони тони CO2 во апсолутен износ на годишно ниво. Кога оваа бројка ќе се подели со бројот на жители, се добиваат емисиите на СО2 во тони по жител на годишно ниво и тие изнесуваат 3,5 до 3,6 тони, а тоа е значително подобро од просекот на ЕУ кој изнесува околу 5,5 тони, пишува во колумна професорот Ристо Цицонков.

Најнови вести

To top