Според информациите од Автомото сојузот на Македонија (АМСМ), на граничниот премин „Богородица“ за влез во Грција се бележи зголемена фреквенција на возила, додека на останатите гранични премини од македонска страна нема подолги чекања за влез и излез од државата.
За влез во Грција на ГП „Богородица“ се чека околу 40 минути.
Зголемениот сообраќај кон Грција се совпаѓа со продолжениот викенд по повод 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба, кој е неработен ден.
За дел од граѓаните, трите слободни дена се можност за кратко патување надвор од Македонија.