Македонија

Панчевски со кривична против членовите на Советот на јавни обвинители

Со искористување на својата службена положба и со пречекорување на границите на своето службено овластување, постапиле спротивно на член 62 став 1 алинеја 1 од Законот за јавно обвинителство при разгледување на неговата пријава и утврдување на посебниот услов, вели тој

Откако не доби позитивно мислење од Советот на јавни обвинители, кандидатот за државен јавен обвинител Владимир Панчевски,најави дека ќе поднесе кривична пријава против членовите на Советот на јавни обвинители за злоупотреба на службена положба.

Сепак на прашање на „Слободен печат“ кога ќе ја поднесе кривичната пријава Панчевски вели:

„Поднесена е! Мислам во време на информатичка технологија илузорно е да зборуваме за хартиена форма. Јас кажав што имам да кажам, институциите на системот по допрен глас треба да се самоуапсат!“ На дополнително прашање дали мисли на таа кривична пријава што ја објави на неговиот фејсбук- статус, тој дополнува „Во ера на електронски комуникации и широки овластувања на Министерството за внатрешни работи и Јавно обвинителство сметам дека прашањето ви е неумесно“, додава тој.

Обвинителка со сопруг осуден за организиран криминал од Панчевски ,,му пресудила” на судијата во трката за јавен обвинител

Во објава на социјалните мрежи тој образлага:

„Врз основа на чл.272 од Законот за Кривична постапка до МВР и Јавното обвинителство на РМ, по пат на допрен глас, јас Владимир Панчевски од Скопје, поднесувам, КРИВИЧНА ПРИЈАВА против:
1. Башким Бесими од Тетово, претседател на Советот на јавни обвинители
2. Марјана Илиеска од Прилеп, заменик претседател на Советот на јавни обвинители
3. Јелена Догазанска Колева од Скопје, член на Советот на јавни обвинители
4. Зорица Павловиќ од Скопје, член на Советот на јавни обвинители
5. Ермон Незири член на Советот на јавни обвинители
6. Кети Петкова член на Советот на јавни обвинители
7. Светлана Стојковиќ член на Советот на јавни обвинители
8. Душица Димитриеска член на Советот на јавни обвинители
9. Ардиан Демири член на Советот на јавни обвинители
10. Фатих Алиу член на Советот на јавни обвинители
За кривично дело Злоупотреба на службена положба и овластување од член 353 ст.1 вв со чл. 22 од Кривичниот законик“, објави Панчевски на Фејсбук.

Тој појаснува дека тие со искористување на својата службена положба и со пречекорување на границите на своето службено овластување, постапиле спротивно на член 62 став 1 алинеја 1 од Законот за јавно обвинителство при разгледување на неговата пријава и утврдување на посебниот услов.

Најнови вести од: Македонија

(Видео): Владата не се откажува од изградбата на дата-центри

Владата не се откажува од идејата за изградба на дата-центри, затоа што светот и човештвото одат во таа насока и тој процес е неповратен, изјави премиерот Христијан Мицкоски. Тој потенцира дека Владата не добила никаков допис од ЕУ дека се откажуваат од финансирањето и давањето грант за изградба на националниот дата-центар. Ако пристигне такво нешто, додаде, тогаш ќе може да го коментираме тоа.

Рокас: Лаен набргу во посета на регионот, за која се надевам дека ќе биде одлучувачка за евроинтеграцијата на земјата

Евроамбасадорот Михалис Рокас најави дека набргу претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, треба да го посети регионот и се надева оти нејзината посета ќе биде одлучувачки чекор кон почнување на пристапните преговори на земјата со Европската Унија.

To top