Македонија

Партијата на Власите бара извинување од новинарот што тврди дека Питу Гули бил Албанец

Сите наследници имаат влашки имиња

Партијата на Власите на Македонија (ПВМ) реагираво врска со изјавата на новинарот Фуркан Салиу кој објави дека Питу Гули бил Албанец.

Според Салиу вистинското име на херојот од Мечкин Камен бил Петер Гури.

Партијата на Власите на Македонија (ПВМ) остро реагира и целосно ја отфрла неодамнешната изјава на новинарот Фуркан Салиу, во која се тврди дека историскиот национален херој Питу Гули, наводно „Пјетер Гури“, бил Албанец.

 

,,Оваа изјава е неоснована и не се темели врз никакви веродостојни историски факти. Питу Гули е чистокрвен Влав (Арм’н ), роден во Крушево, и е еден од најголемите херои на Влашката заедница и на македонската револуционерна борба. Неговото име и дело се јасно документирани во бројни домашни и странски историски извори, и неговата пожртвуваност и смрт во Илинденското востание е симбол на борбата за слобода и правда”, се вели во реакцијата на Партијата на Власите на Македонија.

 

Од партијата објавуваат дека сите потомци на Питу Гули и целото семејство носат влашки имиња и презимиња:

(Ташко Шула Гули) син

(Стерјо Гули)син

(Никола Лаќа Гули)син

(Флора Гули)ќерка

(Евгенија)жена

 

Истовремено ПВМ нагласува дека борбата за слободна Македонија била заедничка.

 

,,Во Илинденското востание учествувале Македонци, Власи, Албанци, како и други народи кои ја сметаат оваа земја за свој дом. Македонија е заедничка земја на сите нејзини граѓани, и не треба да се дозволи преку лажни историски наративи да се создаваат непостоечки меѓуетнички конфликти.

 

Таквите изјави не придонесуваат ниту за историската вистина, ниту за меѓуетничкиот соживот, и ја разгоруваат недовербата меѓу заедниците кои со векови живеат заедно. Апелираме до сите јавни личности, особено новинарите, да бидат внимателни со изјавите што ги даваат и да не ги ставаат во прашање идентитетите на личности кои имаат јасно дефинирано културно и етничко наследство”, се вели во реакцијата во која се повикува новинарот Салиу да ја повлече својата изјава и јавно да се извини за ширењето на невистини кои не само што го нарушуваат угледот на Питу Гули и влашката заедница, туку и нанесуваат штета на меѓуетничкиот соживот во Република Македонија.

Најнови вести од: Македонија

Да се забрани „џанк“ храна во училиштата и да се оданочат зашеќерените пијалаци, бара Клековски

Министерот ги повика граѓаните, особено оние со зголемен ризик или со семејна историја на дијабетес, да не ги игнорираат симптомите како постојан замор, зголемена жед или заматен вид и да направат превентивен преглед.

Тамара Котевска го освои „Британскиот Оскар“ за документарен филм, рамо до рамо со Херцог и Дејвид Атенборо

Македонската режисерка Тамара Котевска, двојно номинирана за ОСКАР и двојно номинирана за ЕМИ, го освои престижното Гран-при признание (за најдобар кино-документарец) на овогодинешното доделување на наградите „Гриерсон“ (Grierson British Documentary Awards) во Лондон, кои во светската кинематографија важат за британски Оскар за документарни филмови.

Се проширува достапноста на банкарските услуги за клиентите на „АЛТА банка“ – од понеделник нова експозитурата во Прилеп

Народната банка продолжува внимателно да ја следи состојбата во „АЛТА банка“ АД Битола и да презема активности за да им се овозможи на сите клиенти полесен пристап до сопствените средства и непречено извршување на платежните услуги.

To top