Македонија

Пазарниот инспектор се засилува со нови 40 инспектори, ќе се контролира кој ги крши законите

Дури 129 пазарни инспектори контролираат над 40 закони низ цела Македонија. Надлежните велат дека инспекторите работеле цело времре, и направиле многу проверки, но потребни се нови колеги. Министерот за економија и труд, Дурмиши, уверува дека се работи на тоа прашање – веќе се обучувале околу 40 нови работници.

Државниот пазарен инспекторат ќе биде зајакнат со 40 нови инспектори, кои треба да го поминат периодот на обука и кон средината на годината активно да се вклучат на терен. Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши вели дека на терен се потребни инспектори што ќе ја вршат контролата над сите трговски друштва со цел да се утврди кој не ги почитува законите. Како што изјави денеска, во Трудовиот инспекторат во моментот има 80-ина инспектори, а во Пазарниот инспекторат – 120.

  • Уште во времето кога овие два инспектората, со измените на законот, го изгубија правото на правен субјект и влегоа во склоп на Министерството за економија, ја известив Владата со барање да имаме повеќе инспектори, особено во Пазарниот инспекторат, бидејќи тие го опфаќаат целиот внатрешен пазар. Во овој Инспекторат треба да има повеќе инспектори за да може да си ја вршат својата работа со отчетност и да имаме поголема контрола на целиот внатрешен пазар и над сите оние што не ги почитуваат законите – изјави Дурмиши, кој присуствуваше на презентација на националната стратегија за мали и средни претпријатија 2025 – 2030 година.

Најнови вести од: Македонија

Ѓорѓиевски: Скопје ја памети цената на слободата и нема да ги заборави оние што ги дадоа животите

Потсети дека на денешен ден, по неколкудневни тешки борби со фашистичкиот окупатор, борците од 42-та и 50-та народноослободителна дивизија и 16-та македонска бригада го ослободиле Скопје

Мицкоски: Новите измените на Кривичниот законик нема да важат ретроактивно

Ја обвини поранешната влада на СДСМ и ДУИ дека со претходните измени на законите, донесени по скратена постапка и со европско знаменце, имала намера да се заштити од одговорност за криминал

Мицкоски: СДСМ и ДУИ си скроија закон за да се себеамнестираат од сторените криминали

Имаа двојна цел. Првично да се себеамнестираат од сторените криминали, за кои што постојат основани сомненија, додека тие беа Влада и второ, мислеа дека на тој начин на некои поранешни структури од ВМРО-ДПМНЕ ќе им овозможат политичка амнестија

To top