Македонија

Владата одлучи: Вонредни контроли на сите фирми за производство на медицински канабис

Во рок од 45 дена да достават извештај до Владата

Се со цел да се спречи индустриско нелегално производство на медицински канабис и пласман кон нелегалниот домашен и меѓународен пазар, Владата на денешната 149 седница ја разгледа информацијата во врска со лиценци за производство на канабис за медицински цели, информира владината портпаролка Венера Љатифи- Азизи.

Владата ги донесе следните заклучоци:

Владата ги задолжи институциите во рамките на своите надлежности да ги преземат сите законски утврдените мерки и активности и да извршат вонредни контроли на сите правни лица, кои имаат одобрение за одгледување и производство на канабис за медицински цели на цела територија на Република  Македонија и во рок од 45 дена да достават извештај до Владата.

Исто така, Влада ќе ги именува членовите на меѓуресорската државна комисија за борба против недозволено производство, трговија и злоупотреба на дроги. Напоменуваме дека од 2017 година откако е формирана комисијата, истата воопшто не била активна и нема резултат. За таа цел, Владата во иднина ќе бара редовни извештаи.

Владата исто така донесе одлука за конечно решавање на паркирањето во Клиничкиот кампус „Мајка Тереза” со која се затвораат административните прашања што со децении го попречуваа уредувањето на паркирањето во Клиничкиот кампус „Мајка Тереза“. Со оваа одлука се создава правна основа за потпишување договор меѓу Министерството за здравство и Градот Скопје. Министерството за здравство, во рок од три месеци, го заврши процесот на регистрација на парцелите во Катастар и изработка на соодветните елаборати, со што се отвора патот за изградба на модерен и функционален паркинг, вклучително и катни гаражи, како и воведување софтверско решение за ефикасно управување. Проектот ќе обезбеди подобри услови за пациентите, здравствените работници и граѓаните кои ги користат услугите на кампусот.

-Воедно, сакам да ја информираме јавноста дека на владината седница се усвои Предлог-законот за Советот на Јавни Обвинители, кој заедно со предлог законот на Јавно обвинителство доби позитивно мислење од Венецијанската комисија. Усвојувањето на овие два закони од страна на Собрание значи исполнување на чекорот од Реформската агенда. Нашата цел како Влада е да воспоставиме неселективност во постапувањето и да преземаме политики во интерес на граѓаните. Продолжуваме со реализација на програмата на Влада, а тоа е обезбедување на подобар, поквалитетен и побезбеден живот за сите, рече таа.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Ако не се свртиме кон семејните вредности и многудетните семејства економијата ќе биде на удар

Ако не се свртиме кон семејните вредности и кон многудетните семејства и ако тие вредности не ги промовираме, македонската економија ќе биде прва која што ќе биде на удар, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи ја изјавата на вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски дека до 2030 година годишно ни се потребни 50.000 странски работници, за да го држиме нивото на БДП што го имаме сега.

ОКТА продолжува со попуст од два денари по литар дизел гориво

Како одговор на најновите случувања на меѓународните пазари на горива, ОКТА АД – Скопје воведува привремен попуст од 2 денари по литар дизел гориво, со важност од денеска, 20 октомври 2026, до 2 ноември 2026 г.

(Фото): Работна средба за инфраструктурните приоритети на Карпош

Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, се сретна со ресорниот министер за транспорт, Александар Николоски, каде беа разгледани тековните инфраструктурни проекти и можностите за нови инвестиции во интерес на граѓаните.

To top