Македонија

Пеколна ноќ кај тетовското планинско село Церово: Пожарникарите цела ноќ во битка со огнената стихија

Тетовските противпожарни екипи во текот ноќта водеа битка за локализирање на пожарот кај селото Церово во селската општина Желино, во тетовскиот регион. Церово се наоѓа на западните падини на Сува Гора, на надморска височина од 780 метри. Раководните лица на Центарот за управување со кризи (ЦУК) и Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) од Тетово беа на теренот и директно ја координираа состојбата со пожарот, за да се спречи негово натамошно ширење кон околината.

Екипите на ТППЕ Тетово беа распоредени на критичните точки околу селото Церово. Противпожарните единици интервенираа директно на теренот, за да го запрат напредувањето на огнот и да го стават под целосна контрола во најкус можен рок. Раководните лица на ЦУК и тетовската противпожарна бригада продолжуваат да  ја следат состојбата на терен за навремена реакција, ако има промена на условите.

Центарот за управување со кризи упати директен повик до граѓаните за зголемена претпазливост при движење и престој на отворено. Одговорното однесување во природата е од клучно значење за спречување нови пожари во овој период.

 

Најнови вести од: Македонија

Интервју: Глупост е Самуил да се враќа во Бугарија, тој таму никогаш и не бил, вели професор Атанасовски

Професорот Александар Атанасовски, чија специјалност е средниот век, вклучително и времето на Византија и Самуиловото Царство, беше гостин во емисијата Радио Точка, во рамки на програмата Хоризонт на Бугарското национално радио БНТ. Централна тема – договорот меѓу Бугарија и Грција за пренесување на наводните коски на цар Самуил од Солун во Софија.

(Фото): Означен стартот на 22. издание на „Виз Ер Скопски маратон“, улиците преполни со учесници

Град Скопје е покровител на спортската манифестација, а градоначалникот вели дека градските служби се подготвени да ја обезбедат потребната поддршка за нејзино успешно одржување.

Пола Скопје ќе биде затворено за сообраќај – стартува 22. издание на „Виз Ер“ Скопскиот маратон

Од Министерството за внатрешни работи апелираат граѓаните да го избегнуваат движењето по овие сообраќајници во периодот од 06:00 до 14:00 часот и да ги почитуваат наредбите на полициските службеници на терен.

(Видео): Државата е енергетски стабилна, се очекува поевтинување на горивата, вели Мицкоски

Државата не е голем потрошувач на гас и постои план за справување со можните предизвици, велат од Владата. Премиерот кажа и дека разговарал со големите нафтени компании. Премиерот очекува и поевтинување на горивата веќе од следната недела.

Во пресрет на грејната сезона – парно, струја, дрва: Што најмногу го празни џебот?!

Најефикасното, но и најскапо современо решение е топлотна пумпа систем воздух-вода. Оваа инвестиција бара помеѓу 6.500 и 9.000 евра, иако потоа месечната потрошувачка на струја за целата куќа е приближна на трошокот за два инвертер уреди. За домаќинствата кои немаат буџет за вакви системи, поставувањето на три поквалитетни инвертер клими со инвестиција од околу 2.500 евра.

To top