Македонија

Пендаровски: СДСМ бараше враќање на Груевски за да се ослабне ВМРО

Пендаровски потврди дека постојат транскрипти од тие состаноци, за кои тврди дека ВМРО-ДПМНЕ делумно ги објавило.

Поранешниот претседател на државата, Стево Пендаровски, призна дека во неговиот претседателски кабинет се разговарало за можно враќање на поранешниот премиер Никола Груевски во Македонија.

Во интервју за јавниот сервис(МРТ) , Пендаровски изјави дека таквото барање дошло од неговата тогашна партија СДСМ, со цел да се ослабне ВМРО-ДПМНЕ пред парламентарните избори во 2024 година.

„Тоа ВМРО, во тоа време како опозиција, прилично го користеше и го злоупотребуваше… станува збор за состаноци на тема како Америка и Европската Унија сакаат да знаат дали ние имаме план за уставните промени“, рече Пендаровски.

Тој посочи дека на состаноците учествувале и американската и ЕУ-амбасадорката, а дека темата за Груевски била отворена во контекст на уставните измени. Пендаровски истакна дека тој лично се спротивставувал на помилување на Груевски, велејќи дека за тоа треба да одлучат пратениците преку закон за амнестија.

„Бидејќи во тој период имаше шпекулации дека јас сум еден од проблемите затоа што не сакам да се согласам на помилување на Груевски… Таков закон е донесен 2018 година“, додаде тој.

Пендаровски потврди дека постојат транскрипти од тие состаноци, за кои тврди дека ВМРО-ДПМНЕ делумно ги објавило.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Практичниот дел на правосудниот испит ќе биде на македонски јазик! ДУИ дрско се обидува да потпали меѓуетничка напнатост!

Премиерот Христијан Мицкоски денеска во одговор на новинарски прашања појасни дека предложеното решение за полагање на правосудниот испит предвидува два дела, при што теоретскиот ќе може да се полага и на албански, турски или англиски јазик, додека практичниот дел ќе биде исклучиво на македонски јазик и кирилско писмо.

Ѓорѓиевски: Скопје ја памети цената на слободата и нема да ги заборави оние што ги дадоа животите

Потсети дека на денешен ден, по неколкудневни тешки борби со фашистичкиот окупатор, борците од 42-та и 50-та народноослободителна дивизија и 16-та македонска бригада го ослободиле Скопје

Мицкоски: Новите измените на Кривичниот законик нема да важат ретроактивно

Ја обвини поранешната влада на СДСМ и ДУИ дека со претходните измени на законите, донесени по скратена постапка и со европско знаменце, имала намера да се заштити од одговорност за криминал

Мицкоски: СДСМ и ДУИ си скроија закон за да се себеамнестираат од сторените криминали

Имаа двојна цел. Првично да се себеамнестираат од сторените криминали, за кои што постојат основани сомненија, додека тие беа Влада и второ, мислеа дека на тој начин на некои поранешни структури од ВМРО-ДПМНЕ ќе им овозможат политичка амнестија

To top