Македонија

Пенков: Економскиот раст на државата ќе продолжи со новиот ребаланс

Златко Пенков, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ на денешната седница на Комисија за финансирање и буџет посочи дека преку ребалансот ќе се реализираат капитални проекти кој ќе придонесат за развој и напредок на државата. „Правилното насочување на парите во капитални проекти е основата за растот на бруто домашниот производ“, рече Пенков.

Пенков истакна дека преку ребаланс на буџет средствата се насочуваат за инфраструктурни проекти, зголемено субвенционирање во земјоделството и поддршка за општините. Тој додаде дека главен двигател на економската активност ќе бидат капитланите инвестиции во 2026 година.

„Поставеноста на ребалансот во макроекономска смисла се темели на оценката дека главниот двигател на економската активност ќе бидат капиталните инвестиции во 2026 година. Тој инвестициски импулс од неколку навистина крупни инфраструктурни проекти коишто во моментот се одвиваат во Република Македонија“, рече Пенков и додаде: „Владата на крајот со овој ребаланс, со овој документ го брани економскиот раст преку јавните инвестиции, локалната инфраструктура и трошење коешто сите ние го нарекуваме развојно трошење“.

Најнови вести од: Македонија

Бендевска: СДСМ не беа и на денешната средба за Изборниот законик, немаат демократски капацитет и ги сопираат реформите!

Претставничката на ЗНАМ во работната група за реформи во изборното законодавство Весна Бендевска денеска во име на Движењето ЗНАМ искажа длабоко разочарување, поради повторното недоаѓање на СДСМ на оваа средба, нагласувајќи дека токму нивното отсуство говори за немање демократски капацитет.

Директорот на Историскиот музеј во Крушево Миха Оџаклиески поднесе оставка по реакциите за „Секси мама“ во „Македониумот“,

Оџаклиески ја опиша својата одлука како личен, морален и етички чин, со кој, како што наведува, презема одговорност кон институцијата и јавноста. Оставката доаѓа по реакциите за снимањето на спотот на косовскиот рапер Дон Џони во внатрешноста на „Македониумот“, кој е заштитено културно наследство.

Проверете си ги радијаторите!

Од Регулаторната комисија упатија апел до сите заедници на станари навреме да ги проверат внатрешните инсталации во објектите и да ги подмират евентуалните заостанати сметки за електрична енергија за топлинските потстаници, со цел старт на грејната сезона без неочекувани прекини и проблеми

To top