Македонија

Петров: Ако Филипче се повлече, ќе му помогне на СДСМ, бидејќи и тој се мачи, и СДСМ се мачи

На сите анкети сега сме на 8 отсто, 7,5 отсто, некаде околу сто илјади гласа, вели бившиот член на Извршниот одбор на партијата

Поранешниот висок функционер на СДСМ, Андреј Петров, кој е дел од иницијативата „12:05“ за промени во партијата, смета дека тие треба да бидат направени во што пократок рок, за да се спречи понатамошниот пад на поддршката кај избирачите.

„Ако Филипче се повлече, ќе му помогне на СДСМ, бидејќи во моментов и тој се мачи, и СДСМ се мачи. Тоа ќе овозможи да се избере ново раководство – кое нема да биде октроирано, туку ќе биде директен производ и избор на членството на еден достоинствен начин. Мора да го сопреме надолниот пат и понирањето на партијата за да не ги пречекаме следните избори, кога и да бидат, од уште полоша позиција“, изјави бившиот член на Извршниот одбор на партијата  во „Ноќно студио“ на 4ТВ.

„На сите анкети сега сме на 8%, 7,5%, некаде околу сто илјади гласа. Во моментот е толку“, нагласи ексградоначалникот на Општина Карпош. „Колку побрзо дојде до промена, шансите се побрзо да закрепне“.

Петров смета дека промената на раководството треба да биде проследена со пошироко обединување на опозицијата: „Потребно е ново раководство да разговара со различни политички и општествени групи и да се бара модел за создавање алтернативна политичка понуда“.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Ако не се свртиме кон семејните вредности и многудетните семејства економијата ќе биде на удар

Ако не се свртиме кон семејните вредности и кон многудетните семејства и ако тие вредности не ги промовираме, македонската економија ќе биде прва која што ќе биде на удар, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи ја изјавата на вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски дека до 2030 година годишно ни се потребни 50.000 странски работници, за да го држиме нивото на БДП што го имаме сега.

ОКТА продолжува со попуст од два денари по литар дизел гориво

Како одговор на најновите случувања на меѓународните пазари на горива, ОКТА АД – Скопје воведува привремен попуст од 2 денари по литар дизел гориво, со важност од денеска, 20 октомври 2026, до 2 ноември 2026 г.

(Фото): Работна средба за инфраструктурните приоритети на Карпош

Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, се сретна со ресорниот министер за транспорт, Александар Николоски, каде беа разгледани тековните инфраструктурни проекти и можностите за нови инвестиции во интерес на граѓаните.

To top