Македонија

Пирц-Мусар: Поради една членка Македонија не може да отвори ниедно поглавје! Тоа не е правично кон земја, што цели да влезе во ЕУ!

Словенечката претседателката Наташа Пирц Мусар денеска, по средбата со македонската претседателка Гордана Сиљановска Давкова, порача дека „Словенија останува цврст поддржувач на европската интеграција на С.Македонија“, како и дека ќе продолжи активно да се залага за забрзување на пристапниот процес на земјите од Западен Балкан во ЕУ. Словенија се залага поглавјата да се отвораат со квалификувано мнозинство. Словенија е иницијатор и дел од групата од 15 земји членки кои предлагаат отворањето на посебни преговарачки поглавја за земјите кандидати да се одвива со квалификувано мнозинство, додека конечната одлука за прием во Европската Унија и понатаму би останала предмет на консензус меѓу земјите членки.

На заедничка прес-конференција, Пирц Мусар одговори на новинарско прашање поврзано со иницијативата во Европската Унија дел од одлуките да се донесуваат со квалификувано мнозинство, наместо со консензус. Таа објасни дека Словенија е иницијатор и дел од групата од 15 земји членки кои предлагаат отворањето на посебни преговарачки поглавја за земјите кандидати да се одвива со квалификувано мнозинство, додека конечната одлука за прием во Европската Унија и понатаму би останала предмет на консензус меѓу земјите членки.

Пирц Мусар осочи дека повеќепати кажала дека на државите-аспиранти им наложуваат огромна работа за да се прилагодат на правото на Европската Унија. – На државите кандидатки им наметнуваме огромен товар за усогласување со европското законодавство. Кога Словенија влезе во Европската Унија во 2004 година, требаше да усогласиме околу 80.000 страници од европското законодавство, а денес земјите кандидати мора да усогласат околу 95.000 страници. Истовремено, премалку се прашуваме што може да направи Европската Унија за процесот да биде побрз и поефикасен – истакна Пирц Мусар.

Според неа, сегашниот модел овозможува билатерални прашања и политички блокади да го попречуваат процесот на проширување. „Денес С.Македонија е во ситуација поради една земја членка да не може да отвори ниту едно поглавје. Тоа едноставно не е коректно и не е фер кон држава која сака да стане дел од Европската Унија.“ – нагласи словенечката претседателка. Таа додаде дека Словенија и натаму ќе дејствува во рамки на групата земји кои се залагаат за квалификувано мнозинство при отворањето на поглавјата и изрази надеж дека Европската Унија ќе ја препознае потребата од поефикасен процес на проширување. 

Пирц Мусар оцени дека европската интеграција на Западен Балкан е клучна за мирот и стабилноста во регионот, но и за стабилноста на самата Европска Унија. – Европската Унија пред сѐ е мировен проект. Новите членки носат стабилност и мир во регионот. За Западен Балкан, членството во Европската Унија мора да биде единствениот вистински пат кон стабилност – рече таа.

Македонската претседателка Гордана иљановска Давкова во својот одговор посочи дека на Балканот веќе постојат примери на регионална поддршка каква што постои меѓу скандинавските земји. Таа потсети на поддршката што Шведска, Финска и Норвешка им ја давале на балтичките држави во процесот на евроинтеграција и оцени дека сличен пример на Балканот е токму Словенија. – Ако не сме спремни да го разбереме соседот во регионот и да го поддржиме, како може да очекуваме разбирање и поддршка во Брисел? Мислам дека тоа е логично и природно – истакна Сиљановска Давкова.

Таа ја поздрави словенечката поддршка за македонските евроинтеграции и оцени дека регионалната солидарност е неопходна за побрз напредок на земјите од Западен Балкан кон Европската Унија.

Најнови вести од: Македонија

Пијанистот Андреј Цековски (11) блесна во Њујорк: златен медал на престижен меѓународен натпревар!

Њујорк беше сцена на уште еден голем успех на младиот македонски пијанист Андреј Цековски. На само 11 години тој го освои првото место на меѓународниот натпревар „International Youth Music Competitions“. Признанието го прими на свечениот концерт на победниците. Ова го објави „Скопје1.мк’.

Утре започнува четвртото издание на „Taste the South“ на нова локација во Гевгелија

Утре, 11 септември, во Гевгелија започнува четвртото издание на гастрономско- музичкиот фестивал „Taste the South“. Во текот на три фестивалски дена, посетителите ќе имаат можност да уживаат во традиционални вкусови, локални гастрономски производи, вина, музика и програма наменета за сите генерации

(Видео): Нула денари од Буџетот за прославата за независноста, за разлика од 8,2 милиони евра „во воздух“ кај Груби и Бајрами, велат од Владата

На Државна лотарија ѝ било укажано да обезбеди средства од нераспределената добивка предвидена за 2024 година во висина од 300 милиони денари за спонзорирање на настаните како и да објави јавен повик за прибирање на понуди за реализација на спонзорираните настани.

Клековски: Западнонилската треска стивнува, на Клиниката за инфективни болести сe згрижени шест пациенти

Министерот за здравство Сашо Клековски вели дека епидемијата на западнонилската треска стивнува, за што говорат податоците дека во последните две седмици има по два нови случаја, а и на Клиниката за инфективни болести моментно се згрижени шест пациенти, од кои само двајца се во потешка состојба.

Најнови вести

To top