Тема: евроинтеграција ЕУ

Мицкоски за спорот со Бугарија: Стратегиска цел ни е ЕУ, но нема повеќе идентитетски отстапки, колкава и да е цената!

Премиерот на Република Македонија Христијан Мицкоски на денешната прес-конференција со хрватскиот колега Андреј Пленковиќ, кој е во посета на Македонија, истакна дека нашата стратегиска цел е да бидеме дел од Европската Унија. „Но, нема повеќе можности за идентитетски отстапки, за чекор назад кога станува збор за нашите национални одредници, колкава и да е за тоа цена. Ако тоа е цената што треба да ја платиме, и покрај тоа што сме вистинскиот предводник, пред другите, додека е оваа Влада, таа е подготвена да ја плати таа цена. Ако навистина билатералните процеси треба да му судат на нашиот европски пат, тогаш ќе се бориме на друг начин.“ – нагласи Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање.

Пирц-Мусар: Поради една членка Македонија не може да отвори ниедно поглавје! Тоа не е правично кон земја, што цели да влезе во ЕУ!

Словенечката претседателката Наташа Пирц Мусар денеска, по средбата со македонската претседателка Гордана Сиљановска Давкова, порача дека „Словенија останува цврст поддржувач на европската интеграција на С.Македонија“, како и дека ќе продолжи активно да се залага за забрзување на пристапниот процес на земјите од Западен Балкан во ЕУ. Словенија се залага поглавјата да се отвораат со квалификувано мнозинство. Словенија е иницијатор и дел од групата од 15 земји членки кои предлагаат отворањето на посебни преговарачки поглавја за земјите кандидати да се одвива со квалификувано мнозинство, додека конечната одлука за прием во Европската Унија и понатаму би останала предмет на консензус меѓу земјите членки.

To top