Македонија

„Плус инфо“: Синдикатот знаеше дека ќе има плата за вработените, но ги извади луѓето на протест, а за управата на Пошта тој е „политички мотивиран“!

„Синдикатот знаеше дека платата за вработените е обезбедена, но ги извади луѓето на протест. Менаџментот на Пошта тврди дека зад протестот стои политички мотив!“ Од Пошта тврдат дека само еден од синдикатите стои зад протестот и тој навремено бил информиран, дека проблемот е решен и дека за сите вработени има обезбедено плата. „Македонска пошта“ соопшти дека го смета за крајно тенденциозно и несериозно и политички мотивирано организирањето штрајк во услови кога е обезбедена плата за сите вработени. – објави Плус инфо. 

Натаму порталот пишува: – Крајно тенденциозно и несериозно е организирањето штрајк од страна на еден од Синдикатот на вработените во „Македонска пошта“ во услови кога за сите вработени платата е веќе обезбедена. Од тие причини веруваме дека штрајкот е политички мотивиран, а вработените се изманипулирани, со што се нарушува нормалното функционирање на претпријатието – велат од „Македонска пошта“.

Оттаму додаваат дека Синдикатот е навремено информиран, дека проблемот е решен и дека за сите вработени има обезбедено плата. – Но, со разочарување мораме да констатираме дека вработените се злоупотребени од одредени политички структури кои тенденциозно се обидуваат да го нарушат работењето на „Македонска пошта“ – информираат од претпријатието.

Оттаму посочуваат дека се во постојана комуникација и координација со Владата и со „заедничка соработка, во континуитет ги надминуваат сите проблеми што настануваат во тековното работење“.

– Залагајќи се за разрешување на сите настанати состојби, упатуваме апел до сите синдикални организации да се вклучат во решавањето на сите предизвици со кои се соочува претпријатието, без провокации и без манипулации. Уште еднаш потенцираме дека „Македонска пошта“ работи со полн капацитет, а во наредниот период ќе работиме на подигнување на ефикасноста на „Македонска пошта“ и услугите кон сите комитенти – потенцираат од „Македонска пошта“.

Најнови вести од: Македонија

Мирис на свадбарски купус, домашни специјалитети и есенска дружба: Утре „Есенско пазарче“ во Ново Село, Кумановско

Утре, 25 октомври, во Туршијара „Суперкиз“ во Ново Село посетителите ги очекуваат традиционални вкусови, настап на фолклорниот ансамбл „СРМА“, детски активности и работилница за компост. Пазарчето започнува во 10:30 часот.

Милошоски: Македонија е добро позиционирана и кон САД, но и кон ЕУ

Македонија може да води избалансирана и стратешки усогласена надворешна политика, која ќе овозможи истовремено продлабочување на стратешкото партнерство со САД преку дијалогот за стратешко партнерство како и зајакнување на политичките и економските врски со европските партнери

To top