Македонија

По полноќ поскап „дизел“

Бензините поевтинуваат за половина денар по литар, а за исто толку поскапува дизелот

Регулаторната комисија донесе одлука за корегирање на цените на горивата, кои ќе стапат во сила ноќеска по полноќ.

Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС – 95 е 75 денари за литар,

ЕУРОСУПЕР БС – 98 ќе се продава за 77,

а ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) за 73 денари за литар.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) не се менува и останува 69,5 денари за литар.

Со одлуката на РКЕ за 0,756 денари за килограм се намалува и малопродажната цена на Мазутот М-1 НС и ќе изнесува 34,865 денари.

 

Најнови вести од: Македонија

Бендевска: СДСМ не беа и на денешната средба за Изборниот законик, немаат демократски капацитет и ги сопираат реформите!

Претставничката на ЗНАМ во работната група за реформи во изборното законодавство Весна Бендевска денеска во име на Движењето ЗНАМ искажа длабоко разочарување, поради повторното недоаѓање на СДСМ на оваа средба, нагласувајќи дека токму нивното отсуство говори за немање демократски капацитет.

Директорот на Историскиот музеј во Крушево Миха Оџаклиески поднесе оставка по реакциите за „Секси мама“ во „Македониумот“,

Оџаклиески ја опиша својата одлука како личен, морален и етички чин, со кој, како што наведува, презема одговорност кон институцијата и јавноста. Оставката доаѓа по реакциите за снимањето на спотот на косовскиот рапер Дон Џони во внатрешноста на „Македониумот“, кој е заштитено културно наследство.

Проверете си ги радијаторите!

Од Регулаторната комисија упатија апел до сите заедници на станари навреме да ги проверат внатрешните инсталации во објектите и да ги подмират евентуалните заостанати сметки за електрична енергија за топлинските потстаници, со цел старт на грејната сезона без неочекувани прекини и проблеми

To top