Македонија

По поразот во Брвеница, Рамадани бара работа во приватниот сектор

Директорот на Иснпекторатот за локална самоуправа пред разрешување се огласи по неуспехот против Илиевски

Хаким Рамадани, за кого премиерот Христијан Мицкоски најави дека по локалните избори ќе биде сменет од директор на Инспекторатот за локална самоуправа поради националистички пораки во кампањата, се огласи по неуспехот во трката за градоначалник на Брвеница.

„Од денеска сум невработен. Јас сум дипломиран економист. Барам работа само во приватниот сектор“, порача кандидатот на ВРЕДИ на Фејсбук еден ден по поразот од старо-новиот градоначалник Јовица Илиевски.

Во вториот круг Илиевски доби 4374 гласа, а Рамадани 4.224.

Најнови вести од: Македонија

Мирис на свадбарски купус, домашни специјалитети и есенска дружба: Утре „Есенско пазарче“ во Ново Село, Кумановско

Утре, 25 октомври, во Туршијара „Суперкиз“ во Ново Село посетителите ги очекуваат традиционални вкусови, настап на фолклорниот ансамбл „СРМА“, детски активности и работилница за компост. Пазарчето започнува во 10:30 часот.

Милошоски: Македонија е добро позиционирана и кон САД, но и кон ЕУ

Македонија може да води избалансирана и стратешки усогласена надворешна политика, која ќе овозможи истовремено продлабочување на стратешкото партнерство со САД преку дијалогот за стратешко партнерство како и зајакнување на политичките и економските врски со европските партнери

To top