Македонија

ПОЦ ги чести скопјани со бесплатен паркинг во центар

Паркиралиштата со кои стопанисува јавното претпријатие ќе бидат бесплатни за користење од страна на сите граѓани

По повод државниот празник „Св. Климент Охридски“, од Паркинзи на општина Центар известија дека денеска, паркиралиштата со кои стопанисува јавното претпријатие ќе бидат бесплатни за користење од страна на сите граѓани.

Исклучок од ова се затворените паркиралишта „Дилајла“ со автоматска наплата и „Трготекстил“, каде што наплатата ќе се одвива согласно редовниот режим.

Редовната наплата за паркирање ќе продолжи утре (вторник) со вообичаено работно време.

Најнови вести од: Македонија

Дезинформациите ја загрозуваат иднината на македонското рударство

Геологот Ѓорѓи Димов, кој е и декан на Факултетот за природни и технички науки во Штип, изјави дека рударството и геологијата имаат огромно значење за економскиот развој на нашата држава, но и за нејзината иднина.

To top