Македонија

Почесен круг за Душко Чифлиганец: Бадников мото-собир во Македонија

Бадник кај нас не е само датум, туку жива традиција што ги обединува љубителите на моторите, звукот на машините и духот на заедништвото.

Бадник кај нас не е само датум, туку жива традиција што ги обединува љубителите на моторите, звукот на машините и духот на заедништвото. По деветти пат, на 6 јануари 2026 година, се организира традиционалниот Бадников собир, на кој се поканети сите – млади и стари, рекреативци и натпреварувачи, како и сите што ја делат страста кон моторите.

Собирот ќе се одржи на Зајчев Рид со почеток во 11:00 часот. Присутните ќе имаат можност да учествуваат во традиционалното кршење клубско лепче со паричка, да уживаат во дружењето и во енергијата на настанот, кој симболично го означува стартот на новата мото-сезона.

Како дел од програмата, ќе се вози почесен круг посветен на споменот на другарот Душко Чифлиганец. Овој чин ќе биде израз на почит, заедништво и сеќавање, потсетувајќи дека моторите се не само средство, туку и начин на живот.

Организаторите порачуваат дека сезоната ќе започне во духот на Бадник – заедно, со почит, со адреналин и со искрена љубов кон моторите.

Овој настан веќе станал неизоставен дел од празничната традиција за моторџиите во Македонија, спојувајќи го верскиот празник со страста кон двоточкашите.

Најнови вести од: Македонија

Обвинителката која 5 години без докази го прогонува Жан Митрев ветува рационализација на предмети за да стане шефица на организиран криминал

Во правосудните кругови се шпекулира дека Хаџи Василева има поддршка од една обвинителка која е блиска на кругови блиски на кланот Заеви и дека во гласањето на обвинителите ќе бидат ангажирани мрежите на Зоран Заев во правосудството и нивните бизнис партнери

To top