Македонија

Поднесени шест кандидатски листи за градоначалник на Општина Брвеница

За предвремените избори за градоначалник на општина Брвеница, поднесени се вкупно 6 листи на кандидати, од кои четири листи се поднесени од коалиција а две листи од група избирачи

Ноќеска на полноќ заврши рокот за поднесување кандидатски листи за предвремените избори за градоначалник на Општина Брвеница, соопшти Државната изборна комисија (ДИК).

Според ДИК, поднесени се вкупно шест кандидатски листи, од кои четири од коалиции и две од групи избирачи.

-За предвремените избори за градоначалник на општина Брвеница, поднесени се вкупно 6 листи на кандидати, од кои четири листи се поднесени од коалиција а две листи од група избирачи: Кандидатот Јовица Радески е кандидат за градоначалник на Коалиција за Предвремени избори за градоначалник на општина Брвеница 2026 година предводена од СДСМ„- СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА-СДСМ, Нова Социјалдемократска партија- НСДП, Странка на демократска акција на Македонија и Партија за демократски просперитет на Ромите-ПДПР, Десница; Јакуп Усеини – кандидат на КОАЛИЦИЈА ВРЕДИ/ВЛЕН; Стојанчо Радически – кандидат на КОАЛИЦИЈА „ТВОЈА МАКЕДОНИЈА”; Аркин Јахији – кандидат на НАЦИОНАЛНА АЛИЈАНСА ЗА ИНТЕГРАЦИЈА – НАИ; Арифе Идризи – кандидатка на ГРУПА ИЗБИРАЧИ – АРИФЕ ИДРИЗИ и Душан Богдановски кандидат на Група избирачи ДУШАН БОГДАНОВСКИ – посочуваат од ДИК.

Изборите за градоначалник на Брвеница, собранискиот претседател Африм Гаши ги распиша за 18 октомври, а ќе се одржат откако на 23 јуни 2026 година на 58-годишна возраст почина градоначалникот на оваа општина, Ивица Илиевски.

Најнови вести од: Македонија

На инспектори им исекле гуми на возило за да не се дознае кој нелегално користи социјални пензии

Премиерот Христијан Мицкоски рече дека се откриени повеќе од 4.500 корисници на гарантирана минимална помош и социјална сигурност кои ги земале парите без да ги исполнуваат условите, а меѓу нив имало починати лица, иселени граѓани и фиктивни корисници.

Даниловски: Одложувањето на БСЖ- вакцината е мерка на претпазливост

Донесен е заклучок времено да се одложи БСЖ-имунизацијата до добивање целосни информации за сериите, нивниот квалитет и евентуалната поврзаност со појавата на несаканите реакции кои се појавија во Хрватска, вели епидемиологот

To top