Македонија Бизнис

Покрај со Германија, со кои други земји Македонија тргувала периодов?!

Во периодот јануари – март годинава, според вкупниот обем на надворешно-трговската размена, најмногу државата тргувала со Германија, Велика Британија, Грција, Србија и Кина, кои учествуваат со 47.3 проценти во вкупниот обем на размената. Земјите членки на Европската Унија учествуваат со 60.1 процент во вкупната размена. Стоковата размена со странство во првиот квартал годинава изнесува 4.701.140 […]

Во периодот јануари – март годинава, според вкупниот обем на надворешно-трговската размена, најмногу државата тргувала со Германија, Велика Британија, Грција, Србија и Кина, кои учествуваат со 47.3 проценти во вкупниот обем на размената. Земјите членки на Европската Унија учествуваат со 60.1 процент во вкупната размена.

  • Стоковата размена со странство во првиот квартал годинава изнесува 4.701.140 евра. Извозот на стоки од државава е во вредност од 1 928.6 милиони евра, за 0.04 проценти помалку во однос на истиот период лани, а вредноста на увезената стока 2.772.6 милиони евра за 1,28 проценти повеќе споредено со периодот јануари-март лани, објави Државниот завод за статистика.

Трговската размена по производи според Стандардната меѓународна трговска класификација покажува дека во извозот најголемо е учеството на: катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, деловите на седишта од подгрупата 821.1 и други катализатори на носачи.

Во увозот најмногу се застапени: нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав, платината и легурите на платина, необработени или во прав и електричната енергија.

Најнови вести од: Македонија Бизнис

Обвинителката која 5 години без докази го прогонува Жан Митрев ветува рационализација на предмети за да стане шефица на организиран криминал

Во правосудните кругови се шпекулира дека Хаџи Василева има поддршка од една обвинителка која е блиска на кругови блиски на кланот Заеви и дека во гласањето на обвинителите ќе бидат ангажирани мрежите на Зоран Заев во правосудството и нивните бизнис партнери

To top