Македонија

Пола Скопје ќе биде затворено за сообраќај – стартува 22. издание на „Виз Ер“ Скопскиот маратон

Од Министерството за внатрешни работи апелираат граѓаните да го избегнуваат движењето по овие сообраќајници во периодот од 06:00 до 14:00 часот и да ги почитуваат наредбите на полициските службеници на терен.

Рекордни 15.050 натпреварувачи од 63 земји ќе учествуваат на годинешното 22. издание на Виз Ер Скопскиот маратон, кој ќе се одржи денеска во Скопје. Покрај рекордниот број учесници, на стартот ќе има и елитни тркачи од повеќе земји, кои ќе се борат за најдобрите резултати. Најбројни по земји, покрај учесниците од Македонија, се натпреварувачите од Србија, Германија, Велика Британија и Турција.

Годинешното издание повторно носи четири трки – маратон на 42,195 километри, полумаратон на 21 километар, трка на 5 километри и ЕУ фор Спорт штафетна трка. Од 06:00 до 14:00 часот, дел од улиците и булеварите по кои минува трасата на маратонот ќе бидат затворени за сообраќај, а возилата ќе се пренасочуваат по алтернативни правци. Посебен режим ќе има и на делови од улицата „11 Октомври“, на потегот од Собранието кон Црвен крст, како и на делови од булеварите „Крушевска Република“ и „Трета македонска бригада“, до реонот кај Американ колеџ.

Во Аеродром, со изменет режим ќе бидат опфатени потезите кон Воен базен, Мајчин дом и булеварот „Јане Сандански“, сè до раскрсницата со булеварот „Србија“. Возачите ќе треба да користат алтернативни сообраќајници, а конкретното пренасочување ќе се врши во зависност од движењето на тркачите по трасата.

Од Министерството за внатрешни работи апелираат граѓаните да го избегнуваат движењето по овие сообраќајници во периодот од 06:00 до 14:00 часот и да ги почитуваат наредбите на полициските службеници на терен.

Организаторите, пак, ги повикуваат граѓаните навреме да го испланираат своето движење низ градот и, каде што е потребно, да користат алтернативни правци.

Покрај натпреварувачкиот дел, Виз Ер Скопскиот маратон и годинава подготвува активности со кои дополнително ќе се збогати искуството на учесниците и публиката. Посебно внимание е посветено и на поддршката долж патеката, која традиционално е еден од препознатливите делови на маратонот.

Годинава во главната трка се пријавени 800 тркачи, од македонските најголем фаворит е минатогодишниот победник Дарио Ивановски. За полумаратонот се пријавени околу 3.000 тркачи.

Покрај натпреварувачкиот дел, Виз Ер Скопскиот маратон и годинава подготвува активности со кои дополнително ќе се збогати искуството на учесниците и публиката. Посебно внимание е посветено и на поддршката долж патеката, која традиционално е еден од препознатливите делови на маратонот.

Информациите на 22. издание на Виз Ер Скопскиот маратон ги изнесоа во четвртокот на традиционалната прес-конференција претседателот на Сојузот на спортови на Скопје Зоран Стојановиќ, министерот за спорт Борко Ристовски, заменик-шефот на Мисијата на ЕУ во Македонија, Бен Нупнау, скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски, спортски директор на Виз Ер Скопски маратон Кире Синадиновски и секретар на Виз Ер Скопски маратон Гордана Николовска.

Стојановиќ, истакна дека Виз Ер Скопскиот маратон со секое ново издание ја потврдува својата спортска традиција и значењето за Скопје.

  • Виз Ер Скопскиот маратон е спортска традиција која со секое ново издание го обединува Скопје. Оваа година имаме рекорден број учесници и голем број тркачи од странство, што е потврда дека маратонот има свое место на меѓународната спортска мапа. Нашата цел е сите учесници да имаат одлични услови за трката и да понесат убаво искуство од Скопје – истакна тој.

Министерството за спорт и годинава е генерален покровител на Виз Ер Скопскиот маратон, една од најголемите и најреномираните спортски манифестации во земјава, која повеќе од две децении ги промовира Скопје и Македонија на светската атлетска мапа. Министерот за спорт Борко Ристовски посочи дека ваквите настани имаат значење и за промовирањето на спортот кај младите.

  • Маратонот е пример како спортот може да ги обедини граѓаните и да испрати позитивна порака до целото општество. Министерството за спорт продолжува да ги поддржува настаните кои го промовираат спортот и активното учество на граѓаните – истакна Ристовски.

Поддршката за маратонот доаѓа и од Делегацијата на Европската Унија, а Бен Нупнау, заменик-шеф на Мисијата на ЕУ во Македонија, истакна дека голема чест и задоволство е што и оваа година ја поддржуваат манифестацијата.

  • Голема чест и задоволство е за нас што и оваа година ја поддржуваме оваа голема спортска манифестација. Спортот ги поврзува луѓето без оглед на нивното потекло и граници, а Виз Ер Скопскиот маратон е убав пример за тоа како еден настан може да ги поврзе Скопје, државата и европската спортска заедница – рече Нупнау.

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски нагласи дека Скопје е подготвен да биде домаќин на големиот спортски настан и упати повик до скопјани да бидат дел од атмосферата на 4 октомври.

  • Град Скопје ја дава својата целосна поддршка на маратонот, со сета расположливост на јавните претпријатија и службите кои се вклучени во организацијата, за настанот да помине безбедно и во најдобар ред. Ги повикувам скопјани да излезат, да ги бодрат тркачите и да бидат дел од енергијата која го прави маратонот посебен. – нагласи градоначалникот.

Спортскиот директор на Виз Ер Скопскиот маратон Синадиновски изјави дека рекордниот број учесници е голем предизвик, но и дополнителна мотивација за тимот, додека секретарката на Виз Ер Скопскиот маратон, Николовска, посебно ја истакна улогата на околу 500 волонтери кои ќе бидат распоредени на различни позиции долж патеките, нагласувајќи дека оваа година ќе има околу 500 волонтери.

Најнови вести од: Македонија

Сашко Кедев влезе во Гинис како најстариот алпинист во светот кој ги искачил сите 14 врвови над 8.000 метри

Кедев, на доделувањето на наградата, порача дека освојувањето на 14-те највисоки врвови во светот го смета за национален успех којшто го посвети на сите Македонци

Запалени повеќе контејнери во Ново Лисиче – градоначалникот Ѓорѓиевски бара итна истрага

Скопје нема да биде заложник на вандали, барам итна реакција од МВР. Во услови кога набавивме 3.300 нови контејнери и го решивме проблемот со сметот, очигледно дека на некој не му одговара чисто Скопје и развојот на градот

Манасиевски: Филипче и СДС да кажат дали Мацура бил криминалец со сомнителен капитал кога со ДУИ овозможиле влез на Алта банка во Македонија

Портпаролот на ВМРО ДПМНЕ Валентин Манасиевски истакнува: Фирмата на сватот на Ахмети, според јавно достапни информации, поседувала акции во Стопанска банка АД Битола, кои потоа ги продаваат на Давор Мацура и Алта банка. Филипче и СДС молчат за ова и не коментираат од страв кон ДУИ.

„Скопје.1.мк“: Над 12 тони производи од Македонија запрени на косовската граница, поради „ешерихија коли“ во претходни пратки

„Косовските власти вратиле две пратки млечни производи од Македонија, со вкупна тежина од 12.268 килограми, поради претходно утврдени неправилности поврзани со безбедноста на храната и хигиената во производството. Станувало збор за прехранбени кремови со растителни масти и производи од сирење, произведени од АД ‘Млекара Тетово’,пренесува ‘Радио Ким’. Пратките биле наменети за компанијата ‘VIZIONI M.Z.I.I’ од Преоце, во близина на Грачаница, но биле запрени на граничниот премин Генерал Јанковиќ.“ – објави информативниот портал „Скопје 1.мк“.

Партија на пензионери: Поддршка за новиот предлог- КЗ! Конфискуваниот имот да оди за социјалната заштита, здравството и стандардот на пензионерите!

Партијата на пензионери дава целосна поддршка за новиот предлог-закон за Кривичниот законик на Македонија, со кој се предвидуваат построги казни за корупција и криминал меѓу носителите на јавни функции. Од партијата, сепак, сметаат дека се потребни дополнително заострување на казнените мерки и суштински реформи во правосудниот систем.

ЕУ го натерала Вучиќ да ги повлече војниците и полицијата од Пионирскиот парк, за да спречи судири и граѓанска војна?!

Европската Унија извршила притисок врз Александар Вучиќ во изборната ноќ да ги повлече војниците и полицајците од Пионирскиот парк во Белград, бидејќи постоел страв дека ситуацијата може да ескалира во граѓанска војна. Ова го тврди поранешната амбасадорка на Белгија во Србија, Дениз де Хауер, во интервју за телевизијата „Инсајдер“.

To top