Македонија

Полицајците и војниците најмногу „боледуваат“

Во јавниот сектор има повеќе од 3.000 случаи на можно незаконско користење боледување, откри директорот на ФЗО Златко Перински и најави детални проверки и постапки за утврдување одговорност

 

Во наредниот период ќе работи на надминување на проблемот со големиот одлив на средства за лекувања во странство и за ортопедски помагала, како и промена на системот на контрола на боледувањата, изјави директорот на Фондот.

Според досегашните проверки на ФЗО, дел од вработените во униформираните служби останувале на непрекинато боледување подолго од пет години. Меѓу спорните случаи има и отсуства што траеле од една до три години, како и боледувања продолжувани во период од три до пет години. Фондот ќе ги испитува околностите под кои биле одобрувани долготрајните отсуства и дали постоела медицинска основа за нивното продолжување, пренесува МКД.Мк

Случаите кај кои ќе бидат утврдени индиции за незаконско стекнување материјална корист или оштетување на буџетот ќе бидат доставени до надлежното обвинителство. Проверките нема да бидат насочени само кон вработените што ги користеле боледувањата, одговорност ќе се бара и кај медицинските лица и институционалните механизми што овозможиле отсуствата да траат со години.

Вакви наоди, дијагнози и медицински извештаи може да издаваат матични лекари и специјалисти. Ќе се проверува работата и на лекарските комисии во ФЗОМ, кои одлучувале за продолжување на боледувањата над законски утврдените рокови. Надлежните треба да утврдат дали станува збор за поединечни пропусти или за пошироко воспоставена практика преку која одредени вработени со години ги избегнувале работните обврски, истовремено користејќи средства од јавните фондови.

ФЗОМ најавува систематска контрола на боледувањата подолги од 30 дена, но и построги процедури при одобрувањето лекување во странство. Барањата за упатување пациенти надвор од државата ќе поминуваат низ дополнителни проверки за да се спречи неоправдано трошење на средствата.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски во Берлин на собир на ,,Коалицијата на волните”

Премиерот Христијан Мицкоски, заедно со министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, денеска во Берлин учествуваше на состанокот на Коалицијата на волните посветен на актуелната состојба во Украина и напорите за постигнување мир

АмЧам: Реформите, иновациите и меѓународните стандарди предуслов за подобра здравствена заштита

Американската стопанска комора во Македонија е акредитиран член на Стопанската комора на Соединетите Американски Држави и на мрежата на Американски стопански комори во Европа, организација која претставува 49 Американски стопански комори од 47 земји во Европа и Евроазија.

Велјановски до опозицијата: Не може да се заборави како ја пљачкавте државата

На денешната собраниска седница на Комисијата за финансирање и буџет каде се дискутираше Предлог-Буџетот за 2027 година, пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Александар Велјановски, кажа дека и покрај долговите наследени од претходната влада, предводена од СДС, кои се тежок товар за државата, оваа Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи со силни инвестиции, со работа на фискална консолидација, но и со зајакнување на здравствената и социјалната заштита на граѓаните.

Ристески: Клучен приоритет на Владата е да ги задржи младите во Македонија

Законот за сезонски работници што е во сила од 1 јануари 2026 година, сѐ уште не ги дава очекуваните резултати, но ова не е закон направен за една година. Затоа организираме информативни средби и настани со помош на медиумите, стопанските комори, работодавачите и синдикатите – за да ги анимираме луѓето дека пензионери, студенти, оние кои сакаат дополнително да работат и сите категории невработени лица можат да го искористат, без притоа да го изгубат стекнатиот статус, да имаат комплетно пензиско и здравствено осигурување, фер ангажман, платен работен час колку што се ангажирани дополнително и со тоа да остварат дополнителни приходи – рече денеска заменик-министерот за економија и труд, Марјан Ристески.

Општина Охрид ги засилува активностите за затворање на депонијата „Буково“ и воспоставување нов систем за комуналниот отпад

Завршена е постапката за избор на проектант за изработка на техничката документација за затворање на нестандардната депонија „Буково“, а во тек се и активностите за изградба на претоварна станица кај Мауцкер и собирен центар во Охрид. Претоварните станици и Регионалниот центар за управување со отпад во Новаци се очекува да бидат функционални во 2030 година. Ова беше истакнато на денешната средба во Општина Охрид, посветена на новиот Регионален план за управување со отпад и воспоставувањето интегриран систем за Југозападниот и Пелагонискиот плански регион.

To top