Македонија

Полицијата приведе 13 возачи за безобѕирно управување возило, шестмина немале возачка дозвола

Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата

Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода 13 возачи за безобѕирно управување возило, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Од нив шестмина возеле без возачка дозвола, од кои двајца во Скопје, двајца во Прилеп и по еден во Битола и Свети Николе.

-Четири лица (по еден во Кичево, Маврови Анови, Скопје и Кочани) возеле иако имале активна забрана за управување со возило, а едно лице управувало возило под дејство на алкохол во Скопје. Во Прилеп едно лице управувало возило и под дејство на алкохол и со активна забрана за управување, а во Кавадарци едно лице управувало возило без возачка дозвола и под дејство на алкохол, наведува МВР.

По целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

МВР апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи заради безбедност на патиштата  –  да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол.

Најнови вести од: Македонија

„Нетпрес“: Дали целта на проектот на СДСМ „Готови пари во џеп“ е нивните функционери да си ги наполнат џеповите како што правеа и кога беа на власт?!

„СДСМ ја претстави на својот 32-ри конгрес програмата со проект ‘Готови пари во џеп’. Но, дали целта на овој проект е нивните функционери да си ги наполнат своите џепови?!“  – прашува информативната агенција „Нетпрес“ во својот редакциски коментар „СДСМ во новата програма ветува ‘кеш во џеб’, дали тоа важи за нивните функционери?“.

Мицкоски: Можно е намалување на даноците за транспорт, но не и за цигари

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека Владата внимателно ја следи состојбата со инфлацијата и разгледува таргетирани мерки во интерес на граѓаните, но засега нема да интервенира кај цените на алкохолните пијалоци и тутунските производи.

Сиљановска-Давкова: Нема нерешливи проблеми, а напредок е можен преку градење доверба

Шефицата на македонската држава очекува разговорите да бидат продолжение на нивната претходна средба во Ереван, но и можност да се отворат суштинските прашања во односите меѓу двете земји

To top