Македонија

Помош од Чешка и Словенија пристигнува во Македонија

Хеликоптер од типот „Блекхок“, веќе утре ќе полета кон Македонија

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, денеска попладне изјави дека Република Чешка испратила официјална понуда за помош во справувањето со активните пожари на територијата на Македонија.

Помошта, како што информираше Ангелов, вклучува хеликоптер од типот „Блекхок“, кој веќе утре ќе полета и се очекува да пристигне во текот на денот.

„Понудата од Чешка ја прифативме веднаш“, рече Ангелов.

Дополнително, Македонија добила и понуда од Словенија за ангажирање на 50 професионални пожарникари, придружени со специјализирани возила за гасење шумски пожари.

„Словенечката екипа ќе тргне утре околу пладне и се очекува да пристигне во вечерните часови. Ќе бидат сместени во Берово, каде ќе се приклучат на напорите за справување со пожарите на планината Готен и ќе им дадат поддршка на локалните сили“, додаде директорот.

Најнови вести од: Македонија

Илија Андовски привремен администратор на „Алта банка“ АД Битола

Тројца вработени во Народната банка – Илија Андовски, Весна Стојчевска и Марија Тодоровска, се именувани за администратори во „Алта банка“ АД Битола, со што управувањето со банката преминува во рацете на централната банка. Андовски е посебно овластен да ги потпишува одлуките што ќе се носат во периодот на привремената администрација.

Средба на Сиљановска-Давкова со Копман од ЕК: Потребно е забрзување на евроинтеграцијата во услови на блокади

Претседателката на Република Македонија Гордана Сиљановска-Давкова во рамки на работната посета на Брисел денеска оствари средба со Герт Јан Копман, генерален директор на Генералниот директорат за проширување и источно соседство (DG ENEST) на Европската комисија.

To top