Македонија

Порака од 112 во Грција – не ја игнорирајте

Висок ризик од пожари во Халкидики и Света Гора

Во Грција бројот 112 работи 24 часа и повикот е бесплатен. За пријавување пожар може да се користи и бројот 199 на Противпожарната служба.

Пријавувањето треба да биде што попрецизно – кажете каде се наоѓате, каде го гледате пожарот и во кој правец се движи. Операторите на 112 можат да комуницираат и на англиски јазик.

Доколку случајно го затворите предупредувањето, информациите може да ги проверите преку официјалните канали на грчката цивилна заштита и системот 112.

За туристите најважно е информациите за евентуална евакуација да ги проверуваат преку грчките официјални служби, а не да се потпираат само на објави на социјалните мрежи или информации од други туристи.

Категоријата 4 не значи дека пожар задолжително ќе избувне, туку дека условите се такви што доколку дојде до пожар, тој може многу брзо да се прошири и да биде потребна итна реакција.

Затоа, ако сте во Грција и ви стигне предупредување од 112 – не го игнорирајте. Прочитајте го до крај и постапете токму онака како што ви наложуваат надлежните служби.

Најнови вести од: Македонија

Дезинформациите ја загрозуваат иднината на македонското рударство

Геологот Ѓорѓи Димов, кој е и декан на Факултетот за природни и технички науки во Штип, изјави дека рударството и геологијата имаат огромно значење за економскиот развој на нашата држава, но и за нејзината иднина.

To top