Македонија

Посебен сообраќаен режим во Тетово, Гостивар и Дебар поради посетата на Бајрам Бегај

Денеска, 28 февруари 2026 година (петок), во Тетово, Гостивар и Дебар ќе важи посебен сообраќаен режим поради завршувањето на тридневната официјална посета на претседателот на Република Албанија, Бајрам Бегај.

Денеска, во Тетово, Гостивар и Дебар ќе важи посебен сообраќаен режим поради завршувањето на тридневната официјална посета на претседателот на Република Албанија, Бајрам Бегај.

Тетово и Гостивар

Општина Тетово и Секторот за внатрешни работи (СВР) Тетово соопштија дека ќе бидат воведени привремени безбедносни мерки и посебен режим во сообраќајот, вклучително и забрана за паркирање на повеќе клучни локации. Забрането е паркирање на:

  • Булевар „Маршал Тито“ – од почетокот до кружниот тек кај пазарот со булевар „Благоја Тоска“
  • Булевар „Благоја Тоска“ – од кружниот тек со „Маршал Тито“ до зградата на Општина Тетово
  • Улица „ЈНА“ („Дервиш Цара“) – во целост, до семафорите
  • Улица „Илинденска“ – од Основен суд до Универзитетот на Југоисточна Европа
  • Улица „Киро Ристоски-Дрнц“ – до Арабати Баба Теќе
  • Улица „ВонВардарска“
  • Улица „172“

Сите возила паркирани спротивно на овие мерки ќе бидат отстранети од страна на надлежните служби. Полицијата ќе врши физичко обезбедување и регулирање на сообраќајот. Граѓаните се повикуваат да ги почитуваат насоките на полициските службеници за непречено и безбедно движење.

Според агендата, претседателот Бегај ќе ја посети Општина Тетово, ООУ „Лирија“, Шарената џамија и Арабати Баба Теќе.

Дебар

Во попладневните часови, претседателот Бегај ќе престојува во Дебар, по што ќе замине за Албанија преку граничниот премин Блато. Одделението за внатрешни работи (ОВР) Дебар и СВР Охрид соопштија дека од 12:00 до 19:00 часот ќе важи посебен сообраќаен режим со повремено затворање на сообраќајот на следните локации:

  • Регионален пат Р-1202 – од Бошков мост до Дебар
  • Улица „Елена Ѓика“ – од АД „Кнауф“ до кружен тек „Енѓи“
  • Улица „Иса Болетини“
  • Улица „Јусуф Грвала“
  • Регионален пат Р-1201 – до улиците „Мојси Големи“, „Амди Леши“, „Јосиф Багери“
  • Регионален пат 1202 – Дебар до граничен премин Блато

Полициските службеници ќе вршат физичко обезбедување на трасата и на објектите каде се предвидени работни средби. Градоначалникот на Дебар, Фисник Меља, ќе се сретне со претседателот Бегај, но не се предвидени изјави за медиуми.

Портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски, апелира до граѓаните и сите учесници во сообраќајот да се придржуваат до упатствата на полициските службеници и да избегнуваат непотребно движење во периодот од 12:00 до 19:00 часот, за да се овозможи непречено движење на делегацијата и безбедност на сите.

Посетата на претседателот Бегај започна со државни и воени почести од претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, а во претходните денови тој престојуваше и во Гостивар.

Најнови вести од: Македонија

Клековски: Западнонилската треска стивнува, на Клиниката за инфективни болести сe згрижени шест пациенти

Министерот за здравство Сашо Клековски вели дека епидемијата на западнонилската треска стивнува, за што говорат податоците дека во последните две седмици има по два нови случаја, а и на Клиниката за инфективни болести моментно се згрижени шест пациенти, од кои само двајца се во потешка состојба.

Мицкоски: Колку и да сакаат да го оцрнат работењето на оваа Влада, денес многу подобро се живее отколку пред 3 години!

„Пред 25-26 месеци наследивме  уништени институции, ограбена економија, клекната на колена држава, разочарани и демотивирани граѓани. И сега,  колку и да сакаат да го оцрнат тоа што денеска оваа Влада го работи, ќе мора сите да се согласиме дека денеска многу подобро се живее од тоа што беше пред три години.“ – изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи  на новинарско прашање во врска со забелешките на опозицијата околу порастот на бруто-домашниот производ.

„Babuna Red 2023“ на „Тиквеш“ го освои Лондон: Престижен трофеј за најдобро црвено вино од Македонија

На свечениот настан за доделување на наградите освоени на годинешниот International Wine Challenge (IWC), што се одржа на 8. септември во Лондон, трофејот за „Babuna Red 2023“ за најдобро црвено вино од Македонија, му беше врачен на претседателот на Управниот одбор на ВВ „Тиквеш“, Светозар Јаневски. Со оваа награда, „Babuna Red 2023“ се вбројува меѓу вината што оставија најсилен впечаток на едно од највлијателните и најценети светски вински натпреварувања, потврдувајќи го квалитетот, автентичноста и меѓународниот потенцијал на македонското вино. Ова престижно признание има и дополнителна тежина бидејќи „Babuna Red 2023“ на истиот натпревар освои и златен медал со високи 95 поени, издвојувајќи се меѓу најдобро оценетите вина во својата категорија.

To top