Македонија

Последен поздрав до Владо Јаневски

„Да го испратиме со песна, тишина и љубов. Неговите мелодии ќе останат да живеат, бидејќи големите уметници никогаш не исчезнуваат“, порачаа организаторите

На  платото пред арената „Борис Трајковски“ вечерва ќе се одржи собир посветен на Владо Јаневски, каде неговите почитувачи ќе му оддадат последна почит.

„Нека неговите песни одекнат уште еднаш, нека светлината од свеќите биде нашето ‘благодарам’, а нашето присуство доказ дека големите уметници никогаш не се забораваат. Да го испратиме достоинствено. Со песна. Со тишина. Со љубов. Затоа што легендите никогаш не умираат – тие засекогаш остануваат во срцата на својот народ“, порачаа организаторите „Прагма продукција“.

 

Владо Јаневски, кој почина по кусо боледување во Скопје, остави зад себе богато музичко наследство и песни кои со години беа дел од македонската културна сцена.

За неговата работа сведочат бројните хитови, но и големите концерти кои ги одржа пред својата публика, меѓу кои и настапите во Античкиот театар во Охрид во 2024 и 2025 година.

Вечерашниот настан ќе биде можност сите заедно да се потсетат на неговото творештво и да кажат последно „благодарам“ за музиката што ја остави зад себе.

Најнови вести од: Македонија

Соопштенијата на СДС им се пишувани со ChatGPT, користат ВИ, а се против дата-центри

Утрото пишуваат соопштенија со ChatGPT, во моменти кога на Заев му се полни телефонот на јахтата на Егејското Море, потоа СДС користи вештачка интелигенција, но затоа се против дата-центри, а се за садење марихуана, зашто бате Вице е во тој бизнис

To top