Македонија

Последниот чекор на Јавниот обвинител ја потврди длабочината на калта во правосудството

Коцевски не успеа да направи уште еден смут во неговиот финален чин во правосудството

Лични интереси, трговија со позиции, математичко – правосудни заврзлами и задкулисни игри.

Вака правни експерти го оценуваат последниот чекор на државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски кој денеска поднесе оставка.

Цели 18 месеци откако дојде новата влада Коцевски одбиваше да замине од својата фунцкија на која беше избран од власта на СДСМ и ДУИ за денеска откако стана јасно дека Собранието на барање на Владата ќе го разреши тој си даде оставка.

Оставката на Коцевски се објаснува со две можни сценарија од кои двете се поразителни, а правосудството кое е објаснето со првата реченица во овој текст.

Според извори во обвинителството Коцевски се надевал дека со информациите што ги има ќе може да направи трговија со опозицијата односно со СДСМ, ДУИ и со дел од владините коалициони партнери за да нема мнозинство за негова смена.

Изворите тврдат дека кога утринава му станало јасно дека во Собранието ќе има 61 пратеник за негова смена си дал оставка.

Правни експери надвор од Обвинителството пак тврдат дека причината за оставката на Коцевски е од лични професионални причини.

Според деловникот на Адвокатската комора на Македонија доколку Коцевски биде разрешен тој нема да може во иднина да се занимава со адвокатска работа.

Доколку Јавниот обвинител си даде оставка и замине без да биде разрешен поради направени неправилности тогаш се смета дека тој не направил професионални и други грешки и може да добие лиценца за адвокат.

 

Во случајов Коцевски можел да игра на оваа карта пред денот на кој треба да се одржи закажана седницата на Собранието за негова смена.

Но објавата на неговата оставка во моментите кога Собранието веќе се собираше за негова смена е задоцнет чекор кој не може да го спаси од разрешување со што нема да може да работи како адвокат.

 

Дополнително бараеето на владата е пред неговото и Собранието мора да одлучи по барањето на владата а не по неговото.

Сспоред правни експерти самото барање не произведува правно дејство и е именувано како оставка за да створи забуна.

Според членот 86 од Закон за јавно обвинителство обвинителот може да поднесе барање, а Собранието одлучува по барањата, но при постоење на две барања се одлучува по првоподнесеното барање.

Во случајов Собранието не може да расправа за барањето на Коцевски кој не успеал да направи уште еден смут во неговиот последен чекор во правосудството.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Ако не се свртиме кон семејните вредности и многудетните семејства економијата ќе биде на удар

Ако не се свртиме кон семејните вредности и кон многудетните семејства и ако тие вредности не ги промовираме, македонската економија ќе биде прва која што ќе биде на удар, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи ја изјавата на вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски дека до 2030 година годишно ни се потребни 50.000 странски работници, за да го држиме нивото на БДП што го имаме сега.

ОКТА продолжува со попуст од два денари по литар дизел гориво

Како одговор на најновите случувања на меѓународните пазари на горива, ОКТА АД – Скопје воведува привремен попуст од 2 денари по литар дизел гориво, со важност од денеска, 20 октомври 2026, до 2 ноември 2026 г.

(Фото): Работна средба за инфраструктурните приоритети на Карпош

Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, се сретна со ресорниот министер за транспорт, Александар Николоски, каде беа разгледани тековните инфраструктурни проекти и можностите за нови инвестиции во интерес на граѓаните.

To top