Македонија

Потпишан договор за изградба на новата поликлиника во Бутел

Новата поликлиника ќе обезбеди интегрирани услуги и ќе ја намали потребата од патувања до други здравствени центри

Министерот за здравство, Азир Алиу и градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски потпишаа договор за спроведување на групна набавка за изградба на нова, современа поликлиника во Бутел — проект насочен кон поблизок и поквалитетен пристап до здравствени услуги за граѓаните од оваа скопска општина.

Новата поликлиника ќе обезбеди интегрирани услуги и ќе ја намали потребата од патувања до други здравствени центри.

Министерството за здравство континуирано инвестира во здравствена инфраструктура, модерна опрема и развој на човечки кадар, како три клучни столба за повисок квалитет и поголема достапност на услугите.

Најнови вести од: Македонија

Соопштенијата на СДС им се пишувани со ChatGPT, користат ВИ, а се против дата-центри

Утрото пишуваат соопштенија со ChatGPT, во моменти кога на Заев му се полни телефонот на јахтата на Егејското Море, потоа СДС користи вештачка интелигенција, но затоа се против дата-центри, а се за садење марихуана, зашто бате Вице е во тој бизнис

To top