Македонија

Министерството за здравство воведе нов електронски модул за донации

Министерството за здравство соопшти дека е воведен нов електронски модул за донации, кој обезбедува транспарентен увид во сите донации што ги примиле Министерството и јавните здравствени установи.

Министерството за здравство соопшти дека е воведен нов електронски модул за донации, кој обезбедува транспарентен увид во сите донации што ги примиле Министерството и јавните здравствени установи.

Овој модул е достапен на веб-страницата donacii.zdravstvo.gov.mk и нуди детален преглед на секоја донација, вклучувајќи информации за донаторот, вредноста на донацијата, како и податоци за видот на донираното, како медицински материјали, апарати и слично. Според статистичките податоци, 85% од досегашните донации се состојат од медицински материјали, вклучително лекови, вакцини, апарати за одредени јавни здравствени установи и други потреби.

– Од самиот модул се гледа дека донациите доаѓаат од широк спектар донатори – од меѓународни институции и организации, држави и хуманитарни фондации. Токму нивната поддршка е клучна потврда за довербата и значењето што го има нашиот здравствен систем. Досега во модулот се евидентирани над 400 донации, процесот на регистрирање се уште е во тек и оваа бројка ќе биде уште поголема, што зборува за тоа дека расте довербата на меѓународните партнери и пријателски држави во нашиот здравствен систем, изјави министерот за здравство, Азир Алиу, се вели во соопштението од МЗ.

Целта е да обезбедиме координација и одобрување на донациите, а воедно да се избегнат ситуации кога пристигнува апаратура со различни оперативни системи или опрема за која нема достапни резервни делови и сервис во нашата земја.

– Со овој модул, испраќаме јасна порака дека во здравството нема скриени процеси и тајни договори, дека секоја донација е видлива, секоја помош е евидентирана, а секој граѓанин има право на информација, заклучи министерот Алиу, информираат од МЗ.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Ако не се свртиме кон семејните вредности и многудетните семејства економијата ќе биде на удар

Ако не се свртиме кон семејните вредности и кон многудетните семејства и ако тие вредности не ги промовираме, македонската економија ќе биде прва која што ќе биде на удар, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи ја изјавата на вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски дека до 2030 година годишно ни се потребни 50.000 странски работници, за да го држиме нивото на БДП што го имаме сега.

ОКТА продолжува со попуст од два денари по литар дизел гориво

Како одговор на најновите случувања на меѓународните пазари на горива, ОКТА АД – Скопје воведува привремен попуст од 2 денари по литар дизел гориво, со важност од денеска, 20 октомври 2026, до 2 ноември 2026 г.

(Фото): Работна средба за инфраструктурните приоритети на Карпош

Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, се сретна со ресорниот министер за транспорт, Александар Николоски, каде беа разгледани тековните инфраструктурни проекти и можностите за нови инвестиции во интерес на граѓаните.

To top