Македонија

Повици во Грција: Избркајте ги скопските агенти пред да ја загубиме северната грчка земја (ВИДЕО)

На социјалните мрежи во Грција особено по лентите ,,панаѓури” народни собири на кои се пеат македонски песни и се играат на македонски  ора зачестија повици за радикални мерки од грчките власти.   Во еден од повиците се бара Грција да ги  избрка  ,,скопските агенти” пред Грците да ја загубат северната грчка земја. ,,Време е Грција […]

На социјалните мрежи во Грција особено по лентите ,,панаѓури” народни собири на кои се пеат македонски песни и се играат на македонски  ора зачестија повици за радикални мерки од грчките власти.

 

Во еден од повиците се бара Грција да ги  избрка  ,,скопските агенти” пред Грците да ја загубат северната грчка земја.

,,Време е Грција да се ослободи од овие турски, скопски и албански агенти, бидејќи нивната крајна цел е да предизвикаат поделба во Македонија, Епир и западна Тракија. Грчката влада знае кои се агентите! Време е да дејствуваме сега пред да ја изгубиме нашата сакана северна грчка земја”, пишува во повик од грчки активист кој редовно ги следи македонските настани во Егејска Македонија.

 

За него сите што пеат и играат се македонски агенти иако се работи за Грчки државјани Македонци кои не можат да бидат избркани од својата држава.

 

Друг профил на социјалната мрежа Х поранешен Твитер тврди дека македонските забави се дел од тајните служби заборавајќи дека овие настани се случуваат со векови само што сега се помасовни.

 

Село (Овчарани) Мелити, Лерин, погледнете и згрозете се, по провокациите на турските луѓе од МИТ во нашата Тракија, редот го зазедоа циганоскопјаните. Механизмот за државен одговор повторно е непостоечки”, тврди профилот чиј пост го споделиле над 4 луѓе кои исто така бараат интервенција на грчката држава против македонските прослави.

 

Проблемот за грчките власти е што по неколкуте обиди на грчките радикали да се спречат македонски забави сега овие прослави се помасовни поради пркосот што се јави од Македонците.

 

Кулминација на манифестација на македонски идентитет различен од грчкиот македонски идентитет се очекува околу 19 Јули кога во Грција се прославува празникот Голема Богородица.

 

Во тој период во повеќе егејски села се одржуваат масовни собири на Македонци кои грчката држава веќе не може да ги запре затоа што Македонците во Егејска Македонија се повеќе стануваат фактор кој одлучува на грчките локални и парламентарни избори.

 

Најнови вести од: Македонија

Да се забрани „џанк“ храна во училиштата и да се оданочат зашеќерените пијалаци, бара Клековски

Министерот ги повика граѓаните, особено оние со зголемен ризик или со семејна историја на дијабетес, да не ги игнорираат симптомите како постојан замор, зголемена жед или заматен вид и да направат превентивен преглед.

Тамара Котевска го освои „Британскиот Оскар“ за документарен филм, рамо до рамо со Херцог и Дејвид Атенборо

Македонската режисерка Тамара Котевска, двојно номинирана за ОСКАР и двојно номинирана за ЕМИ, го освои престижното Гран-при признание (за најдобар кино-документарец) на овогодинешното доделување на наградите „Гриерсон“ (Grierson British Documentary Awards) во Лондон, кои во светската кинематографија важат за британски Оскар за документарни филмови.

Се проширува достапноста на банкарските услуги за клиентите на „АЛТА банка“ – од понеделник нова експозитурата во Прилеп

Народната банка продолжува внимателно да ја следи состојбата во „АЛТА банка“ АД Битола и да презема активности за да им се овозможи на сите клиенти полесен пристап до сопствените средства и непречено извршување на платежните услуги.

To top