Македонија

Поволни кредити за станови за млади брачни парови, Народба банка со Катастар ќе ги открива манипулациите

Младите ќе може полесно да дојдат до нов сопствен дом, инвеститорите ќе се соочат со заострени критериуми

Мерка за олеснување на кредитирањето за прв стан е во подготовка од Народната банка во соработка со Агенцијата за катастар. Иако фокусот е насочен кон младите брачни парови, целта е решавање на прашањето на домување, а властите очекуваат и индиректно стабилизирање на цените на пазарот со недвижности.

Гувернерот Трајко Славески истакна дека преку кредити со подобри услови треба да се фаворизираат граѓаните кои купуваат стан за лично живеење, во споредба со оние што купуваат втор или трет стан за бизнис цели.

„Тука сме со Катастарот за да обезбедиме информации и да креираме шема како понатаму да се доработат податоците што ги поседува Агенцијата за катастар и недвижности. Мислам дека во рамки на новата мерка за поддршка на младите и брачните парови може да се постигне видлив ефект и преку извршни мерки.“, вели Трајко Славески.

Народната банка ја бара помошта од Катастар за идентификација на примарните објекти за живеење, со цел да се спречат злоупотреби од страна на инвеститори кои купуваат станови за деловни цели.

Директорот Иван Живковски ја изрази подготвеноста на Катастарот за интензивна соработка со Народната банка, нагласувајќи дека податоците за трендовите на пазарот на недвижности се клучни за создавање ефикасни политики. Тој најави и реактивирање на регистарот за цени и кирии.

„Граѓаните да имаат подобра информација од оние што треба да ја имаат – и тоа од Катастарската агенција. Во однос на она што го кажа гувернерот, разговараме за инспекциска проверка на мерките што ќе ги утврди Народната банка, односно делот за издавање сертификати со кои ќе потврдиме дали одредено лице во моментов има недвижен имот и дали го имало во минатото – бидејќи може да има обиди за манипулација со самите мерки.“, вели Живковски.

Агенцијата за катастар и Народната банка се договорија да потпишат меморандум за соработка, кој ќе овозможи подобра размена на информации, побрз пристап до податоци за недвижности и зајакнување на аналитичките капацитети за следење на пазарните трендови.
Според податоците од Народната банка, околу 73% од становите купени преку кредити, според изјавите на купувачите, се купени за домување. Но, никој досега не проверил дали тие навистина ја промениле адресата на живеење, и дали ги издаваат под кирија, што отвора простор за манипулации.

Најнови вести од: Македонија

(Видео): Ставен под контрола пожарот кај селото Грачани, „ер-трактори“ им помагаат на скопските пожарникари

Пожарникарите велат дека ќе успеат да го изгаснат пожарот, притоа изразувајќи благодарност за вклучувањето на двата „ер-трактори“ кои помогнале во запирањето на стихијата на местата кои биле непристапни за екипите кои дејствуваат од земја. Како најтежок од денешните пожари, Ангелов го оцени оној што беснее помеѓу Општина Струга и Општина Кичево.

Изложбен простор „Samsung CONNECT“ се отвара на IFA 2026, носејќи ја иднината на живеењето со помош на вештачка интелигенција

Низ телевизори, дисплеи, мобилни уреди и домашни апарати, „Samsung“ демонстрира како вештачката интелигенција може да донесе практични придобивки и да го направи секојдневниот живот полесен и поинтуитивен.

To top