Македонија

Повратот на ДДВ ќе биде исплатен до крајот на месецот

Исплатата на средствата за скенирани фискални сметки преку апликацијата „МојДДВ“ се врши во рок од 60 дена по завршувањето на кварталот

 

Системот функционира редовно и повратот на ДДВ ќе биде исплатен на граѓаните кои скенираа фискални сметки во периодот јули- септември.

Исплатата на средствата за скенирани фискални сметки преку апликацијата „МојДДВ“ се врши во рок од 60 дена по завршувањето на кварталот. За третиот квартал (јули–септември), законскиот рок до кога треба да се изврши исплатата е до 30 ноември 2025 година.

Од воведување до сега, пракса беше повратот за изминатото тримесечје да им легне на сметките од 10 до 15 ти.

„Мој ДДВ“ беше воведен во 2019 година а максималниот износ кој можеше да се добие од скенирање фискални изнесуваше 1.800 денари. Потоа прагот се зголеми на  2.100 денари.

Најнови вести од: Македонија

Санкциониран возач на автобус, кој со неисправни сопирачки возел двојно повеќе деца од дозволеното

Министерството за внатрешни работи објави попладнево дека неговата мобилна единица санкционирала правен субјект, одговорно лице и возач на автобус со кој се врши јавен превоз на патници и во кој се утврдени неисправни сопирачки

(Видео): Потпишан меморандум за соработка меѓу ИНОВА и државните универзитети

Поддршка за иновациите, студентите, старт ап бизнисите, зголемување на конкурентноста на македонските компании. Ова треба да го овозможи соработка меѓу агенцијата ИНОВА и државните универзитети. Целта е поквалитетно високо образование и научна истражувачката дејност и подготовка на кадар кој ќе одговори на современите предизвици.

To top