Македонија

Пожари на повеќе локации во скопско и кумановско

Опасна ситуација

Пожари беснеат на повеќе локации во Скопје и Куманово, откако граѓаните почнаа да алармираат на социјалните мрежи. Од Центарот за управување со кризи (ЦУК) информираат дека причината за пожарите е силниот ветер кој довел до искрење на електричните жици.

– Како последица на ветерот што го зафати регионот, предизвикано е искрење на жиците, што резултираше со пожари на неколку локации – информираат од ЦУК.

Според информациите, во Кумановскиот регион се пријавени пожари во селата Романовце, Агино Село, Табановце, Шупњи Камен, Младо Нагоричане и Стрновац, како и на подрачјето на Општина Старо Нагоричане. Во Скопје, огнот избувнал помеѓу Индустриската зона Бунарџик и рафинеријата Окта.

Надлежните служби се на терен и работат на локализирање и гаснење на пожарите.

Директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов вели дека поради временските услови не може да се користат ер-тракторите и хеликоптерите, а наскоро се очекуваат повеќе детали за пожарите, бидејќи тој се упатува до населеното место Мирковци.

 

Најнови вести од: Македонија

Илија Андовски привремен администратор на „Алта банка“ АД Битола

Тројца вработени во Народната банка – Илија Андовски, Весна Стојчевска и Марија Тодоровска, се именувани за администратори во „Алта банка“ АД Битола, со што управувањето со банката преминува во рацете на централната банка. Андовски е посебно овластен да ги потпишува одлуките што ќе се носат во периодот на привремената администрација.

Средба на Сиљановска-Давкова со Копман од ЕК: Потребно е забрзување на евроинтеграцијата во услови на блокади

Претседателката на Република Македонија Гордана Сиљановска-Давкова во рамки на работната посета на Брисел денеска оствари средба со Герт Јан Копман, генерален директор на Генералниот директорат за проширување и источно соседство (DG ENEST) на Европската комисија.

To top