Македонија

Пратениците се враќаат на работа

Вообичаено, одморот на пратениците започнува по националниот празник Илинден.

Работата на Законодавниот дом започнува денес со состанок на претседателот на Собранието, Африм Гаши.

Спикерот Гаши  ќе информира за тековните активности во законодавниот дом, по редовна координација со координаторите на пратеничките групи.

Според веб-страницата на Собранието, освен брифингот со новинарите, Собранието нема планирано други активности до крајот на неделата.

Вообичаено, одморот на пратениците започнува по националниот празник Илинден.

Одморот на пратениците беше прекинат само на 16 август кога беше свикана вонредна седница за Предлог-законот за измени и дополнувања на Изборниот законик, по скратена постапка која не помина поради недостаток на Бадентерово мнозинство.

Претходно, на 13 август, седница одржа и Комисијата за избори и именувања, која формираше Комисија за избор на кандидати за претседател на Државната комисија за спречување на корупцијата.

Претседателот на Собранието Гаши на 9 август ги објави локалните избори за 19 октомври.

Се очекува Собранието да одржи пленарни и комисиски седници до почетокот на кампањата за локалните избори на 29 септември.

На последниот брифинг со новинарите, претседателот на Собранието потсети дека законодавниот дом е во постојана седница и дека доколку е потребно, пратениците ќе бидат повикани на седници.

Најнови вести од: Македонија

Да се забрани „џанк“ храна во училиштата и да се оданочат зашеќерените пијалаци, бара Клековски

Министерот ги повика граѓаните, особено оние со зголемен ризик или со семејна историја на дијабетес, да не ги игнорираат симптомите како постојан замор, зголемена жед или заматен вид и да направат превентивен преглед.

Тамара Котевска го освои „Британскиот Оскар“ за документарен филм, рамо до рамо со Херцог и Дејвид Атенборо

Македонската режисерка Тамара Котевска, двојно номинирана за ОСКАР и двојно номинирана за ЕМИ, го освои престижното Гран-при признание (за најдобар кино-документарец) на овогодинешното доделување на наградите „Гриерсон“ (Grierson British Documentary Awards) во Лондон, кои во светската кинематографија важат за британски Оскар за документарни филмови.

Се проширува достапноста на банкарските услуги за клиентите на „АЛТА банка“ – од понеделник нова експозитурата во Прилеп

Народната банка продолжува внимателно да ја следи состојбата во „АЛТА банка“ АД Битола и да презема активности за да им се овозможи на сите клиенти полесен пристап до сопствените средства и непречено извршување на платежните услуги.

To top