Македонија

Пред 35 години во Сплит загина кавадарчанецот и војник Сашко Гешовски

Загина на само 19 години, загина на 6 мај 1991 година во Сплит, Република Хрватска, додека служел во Југословенската народна армија (ЈНА). Сѐ уште не се разјаснети околностите под кои тој го загубил животот

Кавадарчанецот Сашко Гешовски е запаметен како првата македонска жртва од последната голема војна што започна на Балканот со распадот на поранешна СФРЈ.

Историјата на Македонија, за жал, бележи бројни случаи на Македонци кои животот го загубиле во војни во кои биле вмешани туѓи интереси, војувајќи како припадници на туѓи армии. Познати се и трагични примери кога браќа Македонци војувале еден против друг, под команда на различни, и често спротивставени, странски офицери.

Младиот Гешовски, на само 19 години, загина на 6 мај 1991 година во Сплит, Република Хрватска, додека служел во Југословенската народна армија (ЈНА). Сѐ уште не се разјаснети околностите под кои тој го загубил животот.

На денот на неговото загинување, Гешовски бил на стража во Командата на Военопоморската област во Сплит, во момент кога над 30.000 хрватски демонстранти протестирале против присуството на ЈНА, која, според нив, сѐ повеќе се користела како алатка на режимот на Слободан Милошевиќ.

Гешовски бил регрутиран во ЈНА на 17 септември 1990 година. Тој служел како припадник на воената полиција.

Тој беше првата жртва во конфликтот што предизвика распад на Југославија, потсетуваат од Музеј галеријата во Кавадарци. Бројни делегации денеска ќе му оддадат почит со положување на цвеќе.

„Роден е во Кавадарци на 31 октомври 1971 година, основно и средно училиште завршил во родниот град.  По завршување на средното образование заминал на отслужување на воениот рок во ЈНА во Сплит – Р. Хрватска. На 6 мај 1991 година во него пукал маскиран припадник на МУП на Република Хрватска и смртно го погодил со 4 куршуми. Гешовски во критичниот момент бил на задача пред зградата на Воено поморската област во Сплит. Тој беше првата жртва во конфликтот што предизвика распад на Југославија во 1991 година“, споделуваат од Музејот.

Тогаш, на 7 мај таа далечна година, во Кавадарци се одржа протестен митинг на кого учествуваше речиси целото население од градот и околината, за да го искажат својот револт за смртта на својот сограѓанин, се палеа свеќи на градскиот плоштад во чест на Гешовски.

Неговото тело со воен хеликоптер беше пренесено во Кавадарци. На погребот присуствуваа повеќе од 20.000 граѓани, дојдени од сите краишта на поранешна Југославија. Во Кавадарци беше прогласена тридневна жалост, додадоа од Музеј галеријата.

Оттаму  потсетија дека во воениот конфликт во 1991 година, покрај Гешовски, од Кавадарци загина и Петре Тодоровски, роден во 1971 година.

„Тодоровски загина како припадник на ЈНА на 26 јули 1991 година во касарната Љубљана – Поље, Р. Словенија. Својот млад живот го загуби како војник, додека бил на стража. Во овој конфликт загина и Мишко Митрев, роден во 1954 година во Ваташа. Митрев загина како подофицер во ЈНА во септември 1991 година, при одбрана на касарната во Ѓаково, споделија од Музејот, пренесува Либертас

Најнови вести од: Македонија

Почина Волф Ошлис, амбасадорот на македонската кауза: Ако Европа ја изгуби Македонија, ќе се изгуби и себеси!

На 30 август 2026 година германските научни платформи објавија потврдена вест, која е повеќе од тажна за македонскиот народ и Република Македонија: уште на 18 август 2026 година почина професор доктор Волф Ошлис, германскиот и европски македонист со непроценливо значење на неговиот политичко-јазичен македонистички ангажман за македонскиот народ и јазик, за одбраната на националната, идентитетска, јазична, културна и историска засебност и самобитност на Македонците наспроти сите нивни негирања како народ. Неговата реченица: „Нема ништо полесно отколку да бидеш пријател на Македонија. Јас сум тоа од 1975 година…“ ја одразува неговата длабока професионална, но и лична, чувствена врска со македонската кауза, со Македонците и Македонија

Легендарниот македонски војвода Александар Турунџе пред да си стави јамка на вратот на 30.8.1905: Македонија ќе биде слободна!

„Личната трагедија на македонскиот револуционер, ајдутин, четник и војвода Александар Турунџев, кој е предаден на турските власти за 150 златници од свој сонародник, по што бил обесен на Ат-Пазар во Битола на 30 август 1905 година, освен што е симбол на она што многу често провејува низ македонската историја – предавството, многу повеќе е национален херој и симбол на борбата за слобода на македонскиот народ.Погубувањето на Турунџев се одвивало пред бројни сведоци, меѓу кои и неговата сопруга и нивните две малолетни деца, ќерка и син, кои биле принудени немо да го гледаат испуштањето на последниот здив на својот татко.“ – објави Македонската информативна агенција – МИА.

Штип е без вода: Филтер станицата исклучена, поради крајно големата заматеност од синоќешното невреме

Градот Штип од 14 часот е без вода за пиење. Филтер станицата се исклучи од цевководот на хидросистемот „Злетовица“ поради големата заматеност на водата која пристигнува од браната Кнежево, информираше на вонредната прес-конференција директорот на ЈП Исар Штип Александар Арсовски.

ЗНАМ го осудува глорифицирањето на воените злосторства

Движењето ЗНАМ најостро ги осудува воените злосторства случени на поранешните југословенски простори, вклучувајќи ги и хашките случаи во Македонија од 2001г., и секој обид за нивна глорификација, релативизација или оправдување

To top