Македонија

ЗНАМ го претстави отчетот за две години учество во Владата

Димитриевски истакна дека ЗНАМ се залага за европска и реформирана Македонија, но и за држава која го зачувува и афирмира сопствениот идентитет, јазик, култура и историја

Движењето ЗНАМ за Наша Македонија денеска ја претстави публикацијата со отчет за работата на избраните и именуваните функционери од редовите на Движењето во изминатите две години.

Претседателот на ЗНАМ, Максим Димитриевски, порача дека отчетот не е само пресек на изминатиот период, туку и обврска резултатите од извршувањето на јавните функции да бидат достапни, проверливи и отворени за критика.

„Не тргнавме во политиката затоа што верувавме дека власта е лесен пат кон моќта. Напротив, верувавме дека јавната функција, ако ја сфатиш сериозно, е една од најтешките форми на лична и морална одговорност“, истакна Димитриевски.

Тој нагласи дека со преземањето на одговорноста во Владата престанал периодот во кој било доволно само да се укажува на проблемите, додавајќи дека секое ветување дадено пред граѓаните мора да биде претворено во конкретен резултат.

„Не велам дека сме завршиле. Овој отчет не го споделуваме како точка на крајот, туку како пресек на еден период по кој мора да следи уште поголема одговорност“, порача претседателот на ЗНАМ.

Димитриевски истакна дека отчетот не треба да остане затворен во партиските архиви, туку да биде достапен за јавноста.

„Нека го читаат. Нека го критикуваат. Нека ги споредуваат резултатите. Нека ни кажат и каде можевме подобро“, порача тој.

Говорејќи за политичката визија на Движењето, Димитриевски истакна дека ЗНАМ се залага за европска и реформирана Македонија, но и за држава која го зачувува и афирмира сопствениот идентитет, јазик, култура и историја.

Тој порача дека следниот период треба да биде период на продолжување и продлабочување на започнатите промени, со определба Македонија да биде посилна, поуредена, помодерна и поспособна држава.

„Да ја чуваме Македонија, не само како спомен од минатото, туку како надеж за иднината. Да оставиме држава во која нашите деца ќе кажат: ‘Овде сакам да живеам. Овде сакам да создавам. Ова е мојата Македонија’“, порача Димитриевски.

 

Најнови вести од: Македонија

Соопштенијата на СДС им се пишувани со ChatGPT, користат ВИ, а се против дата-центри

Утрото пишуваат соопштенија со ChatGPT, во моменти кога на Заев му се полни телефонот на јахтата на Егејското Море, потоа СДС користи вештачка интелигенција, но затоа се против дата-центри, а се за садење марихуана, зашто бате Вице е во тој бизнис

To top