Македонија

Пред Велигден уништени 40 тони небезбедни јајца

Во рамки на контролите биле уништени над 272 килограми небезбедна храна од животинско потекло

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) соопшти дека во претпразнични вонредни контроли биле извршени 1.221 инспекциски надзор кај оператори со храна, при што се изречени парични казни во вкупна вредност од над 19 илјади евра во денарска противвредност.

Во рамки на контролите биле уништени над 272 килограми небезбедна храна од животинско потекло, како и повеќе од 40 тони небезбедни јајца со потекло од соседна Србија, кои биле спречени да бидат пласирани на пазарот и уништени на депонијата „Дрисла“.

Инспекциските служби донеле 35 решенија за отстранување на утврдени недоследности и изрекле шест опомени. Дел од операторите не биле регистрирани, а кај други биле утврдени хигиенски, технички и административни пропусти. објави Скопје1.мк

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Ако не се свртиме кон семејните вредности и многудетните семејства економијата ќе биде на удар

Ако не се свртиме кон семејните вредности и кон многудетните семејства и ако тие вредности не ги промовираме, македонската економија ќе биде прва која што ќе биде на удар, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи ја изјавата на вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски дека до 2030 година годишно ни се потребни 50.000 странски работници, за да го држиме нивото на БДП што го имаме сега.

ОКТА продолжува со попуст од два денари по литар дизел гориво

Како одговор на најновите случувања на меѓународните пазари на горива, ОКТА АД – Скопје воведува привремен попуст од 2 денари по литар дизел гориво, со важност од денеска, 20 октомври 2026, до 2 ноември 2026 г.

(Фото): Работна средба за инфраструктурните приоритети на Карпош

Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, се сретна со ресорниот министер за транспорт, Александар Николоски, каде беа разгледани тековните инфраструктурни проекти и можностите за нови инвестиции во интерес на граѓаните.

To top