Македонија

Преку поддршката на релито „EKO Acropolis Rally 2025“, брендот ЕКО на HELLENiQ ENERGY испрати моќна порака за безбедност на патиштата

Автомобилското рели „EKO Acropolis Rally 2025“ и оваа година повторно беше центар за вистинските адреналински ентузијасти. Во четири региони во Грција, 69 екипи од 31 земја приредија вистинска рели акција и со своите возила поминаа 345 километри. Натпреварувачите возеа по тешки патеки со чакал во Коринт, Централна Грција и Тесалија, сѐ до одржувањето на „EKO […]

Автомобилското рели „EKO Acropolis Rally 2025“ и оваа година повторно беше центар за вистинските адреналински ентузијасти. Во четири региони во Грција, 69 екипи од 31 земја приредија вистинска рели акција и со своите возила поминаа 345 километри. Натпреварувачите возеа по тешки патеки со чакал во Коринт, Централна Грција и Тесалија, сѐ до одржувањето на „EKO AthensSuper Special Stage“ во Запеион, нудејќи им на посетителите незаборавни моменти.

EKO, член на HELLENiQ ENERGY водечка компанија во Југоисточна Европа на енергетскиот пазар, даде поддршка на „EKO Acropolis Rally 2025“, со што овој значаен настан го подигна своето реноме и привлече врвни учесници во овој спорт.

Покрај поддршката на овој настан, HELLENiQ ENERGY, преку ЕКО ја истакна својата општествена одговорност преку промовирање на клучните постулати за одговорно учество во сообраќајот. Во рамките на настанот беше промовирана култура на безбедност на патиштата преку новата национална кампања за подигање на свеста. Платформата „EKO Acropolis Rally – Безбедност на патиштата“, е дел од стратегија за корпоративна одговорност, имплементирана во соработка со министерствата за спорт, инфраструктура и транспорт, заштита на граѓаните и грчката полиција.

Во специјално дизајнираниот павилјон на EKO во Запеион, службениците на сообраќајната полиција комуницираа со посетителите, претставија опрема за следење и организираа едукативни активности наменети за деца и за возрасни, поврзани со безбедни практики на возење. Преку главната порака „Забави“, ЕКО Акрополис Рели испрати моќен апел за поголема безбедност на патиштата.

Како дел од групацијата HELLENiQ ENERGY, ОКТА исто така спроведува низа активности за подигнување на свеста за важноста на безбедноста во сообраќајот. Преку платформата „Јас внимавам“ и поддршката за кампањата „Вози одморен“ која се спроведува во партнерство со Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот и Министерството за внатрешни работи, се реализираатактивности кои на иновативен начин информираат, едуцираат и алармираат за поголема одговорност во сообраќајот. Во 2017 година оваа платформа беше прогласена за најдобра национална општествено одговорна практика.

Најнови вести од: Македонија

Може ли Мерко да си го купи службеното „ауди“?

Мерко беше обвинет и гонет за злоупотреба на службената положба, затоа што набавил четири службени возила меѓу кои и аудито, во услови кога општината имала неподмирени долгови и блокирана жиро-сметка, сепак, на почетокот на јуни 2025 година беше ослободен од вина

До 5-ти февруари аплицирање на студентски оброк

Правото на субвенциониран студентски оброк е наменето за редовни студенти на додипломски студии со месечен приход понизок од минималната нето плата, како и за студенти запишани на постдипломски и интегрирани студии на државните и приватните универзитети во земјава

Новинарката Лиридона Вејсели испрати жалба до апелација

Новинарката Лиридона Вејсели поднесе жалба до Апелациониот суд против пресудата на Основниот суд во Гостивар, со која е осудена на глоба од 700 евра за кривично дело „злоупотреба на лични податоци“ – поради тоа што во својот новинарски текст го објавила името и презимето на судијата Назиф Иљази од Основниот суд во Тетово.

To top