Македонија

Премиерот до опозицијата: Договорете текст за Изборниот законик, ќе прифатиме и релокација на пари за кампањите

Проблемот е што опозицијата нема единствен став за Изборниот законик, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и претседател на Владата и порачува дека досега сите предлози на опозицијата вклучително и повеќе средства за финансирање биле прифатени. Мицкоски ја обвини Левица дека шири лаги дека нема конструктивност во разговорите.

ВМРО-ДПМНЕ им предложило на опозициските партии во Парламентот да состават и да договорат текст и да им го дадат, а дека ВМРО-ДПМНЕ ќе ги прифати сите предлоги кои вклучуваат гласање на дијаспората со вклучени препораки од ОБСЕ и ОДИХР.

  • Велеа сакаме една изборна едница ние велиме прифаќаме бланко, договорете се прифаќаме една изборна единица. Тоа е прво, второ им требале повеќе средства за финансирање на кампањата еве и тоа им прифаќаме, нема проблем, ние ќе се откажеме од нашиот дел делумно и тоа ќе го префрлиме кај опозициските партии. Начинот на гласање, како тие ќе одлучат тоа ќе им го прифатиме – рече премиерот истакнувајќи дека во моментот проблем е што опозициските партии немаат заеднички става.

Мицкоски кажа дека слуша разни информации и лаги и конструкции во јавноста од опозицијата, претежно од Левица кои, како што вели, како да сакаат да се оправдаат пред оние малкумина кои го давале гласот за нив затоа што учествувале во преговори и се договарале.

  • И затоа што сега во суштина не изгледа Робеспјер, како што тие кажуваат, туку парите се проблем. Тоа е суштината – рече Мицкоски.

Најнови вести од: Македонија

Конспиративни теории за абортусот во судирот меѓу Јас сум жена и Мрежата за заштита од дискриминација

Мрежата за заштита од дискриминација која во јавноста се смета за блиска на екс министерка за труд и социјала во владата на Зоран Заев, шпекулира во јавноста со Теории на заговор

(Фото): Силно политичко партнерство меѓу Македонија и Црна Гора и засилена економска соработка – Николоски во Подгорица на средба со премиерот Спајиќ

Заменик-претседателот на Владата Александар Николоски е во работна посета на Црна Гора, каде денеска оствари средба со претседателот на Владата на Црна Гора, Милојко Спајиќ. Во фокусот на средбата беа унапредувањето на политичките и економски односи, регионалниот развој и евроинтегративниот процес на земјите од Западен Балкан. Од средбата беше испратена јасна порака дека Македонија и Црна […]

To top