Македонија

Премиерот е за отворање рудник за антимон кај Крива Паланка – „Штука“ и „Иловица“ предмет на судска постапка

Мицкоски истакна дека арбитражниот спор за „Казандол“ завршил во корист на македонската влада и дека украинската компанија, која била концесионер и ја покренала постапката, треба да ги плати трошоците поврзани со арбитражата.

Премиерот Христијан Мицкоски на собраниската седница за пратенички прашања ја поддржа идејата за отворање рудник за антимон во селото Луке, во Крива Паланка, тврдејќи дека поддршка за проектот дава и градоначалникот на општината од редовите на СДСМ.

  • За рудникот за антимон во Луке, во Крстов Дол, во паланечко, сум за. И вашиот градоначалник има ист став – рече Мицкоски, посочувајќи дека станува збор за еден од ретките градоначалници на СДСМ.

Според премиерот, локалниот градоначалник има поинаков став од актуелното партиско раководство и од пратеникот на кој му одговарал.

  • Тој застана во насока на поддршка на тој рудник за антимон. Поконкретно од ова не можам да ви одговорам – изјави Мицкоски.

Осврнувајќи се на случајот „Казандол“, премиерот рече дека арбитражната постапка произлегла од политиките на претходната влада, која го раскинала договорот за проектот. Тој тврдеше дека во постапката, која актуелната влада ја наследила, имало сведочења според кои претходната власт била подготвена да постигне спогодба и да исплати одредена сума за да го изгуби спорот.

  • Се спомнуваа цифри од 20 до 30 милиони долари, а потоа, нормално, поединци да добијат одредена награда. Но, не знам дали тоа е вистина – рече Мицкоски, нагласувајќи дека станува збор за тврдења изнесени во рамките на сведочењата, а не за нешто што тој го потврдува како факт.

Мицкоски истакна дека арбитражниот спор за „Казандол“ завршил во корист на македонската влада и дека украинската компанија, која била концесионер и ја покренала постапката, треба да ги плати трошоците поврзани со арбитражата.

  • Како заврши процесот? Со победа на македонската влада. Дури и странката во спорот, украинската компанија, треба да ги плати трошоците за арбитражата. Државата ќе плати нула – рече премиерот. Тој оцени дека исходот е резултат на, како што рече, домаќинско и одговорно работење на актуелната влада во интерес на граѓаните.

Во однос на проектот „Иловица – Штука“, Мицкоски рече дека неговите почетоци датираат од времето на владата предводена од Владо Бучковски, кој бил предлог на СДСМ. Потоа, како што наведе, во периодот на владата на СДСМ и ДУИ, Министерството за економија донело одлука за спојување на двете концесиски подрачја во областа меѓу Штука и Иловица. Премиерот ја обвини тогашната власт дека нејзини членови подоцна се оградувале од одлуката, иако, според него, присуствувале на владината седница и гласале за неа, за што, како што рече, постојат стенограми. Тој додаде дека само една недела подоцна била донесена нова одлука со која се поништувало претходното спојување на концесиските подрачја.

Според Мицкоски, концесионерите потоа повеле судска постапка, а актуелната влада добила одлука од Вишиот управен суд со која се поништува второто решение, односно одлуката за поништување на првичното спојување, со што повторно стапила во сила одлуката за спојување на концесиските подрачја.

  • За да се спојат тие подрачја, потребен е анекс на договорот, а анексот на договорот не е регулиран со законот – рече премиерот.

Тој не најави конкретен следен чекор во врска со проектот, но ја поврза темата со ставот на Владата дека нема да презема дејствија спротивни на интересите на граѓаните.

  • Оваа влада, запомнете, никогаш нема да направи ништо што е спротивно на интересите на граѓаните. Јас не ја распродавам државата, туку само го враќам она што вие го распродадовте – рече Мицкоски, обвинувајќи ја претходната власт за одлуки што, според него, биле на штета на државните интереси.

Како примери ги наведе прашањата поврзани со името на државата, територијата и, како што рече, плантажите со марихуана, француските предлози и откажувањето од „македонскиот род“.

  • Тоа јас го враќам – заклучи премиерот на собраниската седница за пратенички прашања.

Најнови вести од: Македонија

Сиљановска-Давкова со Бланар: Словачка е против двојни стандарди во третирањето на земјите-кандидати за ЕУ

Словачка со силна поддршка за Македонија. Претседателката Сиљановска-Давкова денеска го прими министерот за надворешни и европски работи на Словачката Република, Јурај Бланар, кој престојува во официјална посета на земјава.

Производството на струја е стабилно, рече министерката Божиновска

Произведената електрична енергија во земјава сега се продава по 65 евра за мегават-час, што е повеќе од двојно пониска цена во споредба со периодот кога актуелната Влада ја презела функцијата, кога цената надминувала 135 евра.

Мицкоски за Филипче: Ме нарекува „идиот“, а „идиот“ 7-8 пати го победува на избори, и нека се запраша кој е вистинскиот идиот?!

Премиерот Христијан Мицкоски ги отфрли обвинувањата упатени кон него, истакнувајќи дека бил навредуван оти е „арамија“, „предводник на организирана криминална група“ и “нарко-трговец. Тој потсети и дека Филипче го нарекол „идиот“, прашувајќи кој е, поправо, вистинскиот идиот, ако тој тој успеал да победи на седум или осум избори.

Мицкоски: Предложивме студентскиот оброк да се зголеми на 4.500 денари месечно, да се воведе дигитална М-услуга и можност за дополнителни попусти

Зголемување на субвенционираниот студентски оброк од сегашните околу 3.500 на 4.500 денари месечно, можност за дополнителни попусти при купување храна и воведување посебна дигитална услуга преку апликацијата М-услуги, ова е предлогот што Владата им го презентирала на претставниците на студентските парламенти на сите универзитети, информираше денеска премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на прашање на пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Драгана Бојковска за младинските политики и студентскиот стандард.

Бланар: Словачка е против двојни стандарди за РМ во пристапувањето кон ЕУ! – Расте фрустрацијата кај кандидатките и ќе го изгубиме регионот!

Ние не можеме да прифатиме дека во европската интеграција која е поставена на ЕУ стандарди има различни критериуми за различни држави. Северна Македонија може да смета на големата поддршка на Словачка во евроинтеграцијата. Ова е наша улога којашто ја потврдивме уште на Самитот во Солун во 2004 година, но денес може да кажеме дека не […]

Муцунски: Непристојно е Бугарија-членка на ЕУ да биде прибежиште за осудени лица, мора да ги почитува врвните европски стандарди за владеење на правото!

Министерот за надворешни работи на Република Македонија Тимчо Муцунски упати остра порака до официјална Софија во врска со третманот на лицата кои избегале од македонското правосудство, со конкретен осврт на случајот со Ива Михајлова. Тој нагласи дека државите-членки на Европската Унија мора да ги почитуваат врвните европски стандарди за владеење на правото.

Мицкоски: По 6 месеци од најавуваните скандали за унгарскиот кредит, нема ниту „К“ од криминал

Мицкоски посочи дека наместо најавуваните скандали од опозициската СДСМ, досегашните информации покажуваат дека средствата од унгарскиот кредит биле искористени за поддршка на економијата и на домашното стопанство, а тоа го потврди и извештајот на Државниот завод за ревизија

To top